Борис Ефимович Немцов (руски: Борис Ефимович Немцóв; 9 октомври1959 во Сочи–27 февруари2015 во Москва) — руски научник, државник и либерален политичар. Имал успешна политичка кариера во текот на 1990-тите за време на претседателот Борис Јелцин, а од 2000 година е истакнат критичар на Владимир Путин. Во февруари 2015 година, додека помагал да се организира протест во Москва против политиката на Путин со руската вмешаност во војната во Украина и финансиската криза во Русија, бил убиен на помалку од 200 метри од ѕидините на Кремљ и Црвениот плоштад.[2]
Кратки факти Борис Немцов Борис Немцов, Заменик премиер на Русија ...