1959
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1959 (MCMLIX) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1959 година од новата ера, 959. од вториот милениум, 59. од XX век и последна од 1950-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7467 и 7468 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6709 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5719 и 5720 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2712.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1959 година се протега во 4595 и 4596, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4655 и 4656 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2502. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1378 и 1379 исламска година.
Remove ads
Настани
- 1 јануари – Фулгенсио Батиста ја напушта Хавана.
- 3 јануари – Алјаска станува 49-та држава на САД.
- 4 јануари – Кубанските бунтовници на чело со Че Гевара и Камило Сиенфуегос влегуваат во Хавана.
- 7 јануари – САД ја признава новата кубанска влада на чело со Фидел Кастро.
- 8 јануари – Шарл де Гол е инаугуриран за прв претседател на Петтата француска република.
- 1 февруари – На референдум во Швајцарија е отфрлен предлогот за давање право на глас на жените.
- 19 февруари – Британија решава да му даде независност на Кипар.
- 10 март – Во Ласа избувнуваат протести против 10-годишната кинеска окупација на Тибет.
- 31 март – Тенцин Ѓацо, 14-от тибетски далај-лама, пребегнува во Индија.
- 21-23 мај – Во Скопје е одржан Третиот конгрес на Сојузот на комунистите на Македонија.
- 16 август – Макариос Трети станува прв претседател на Кипар.
- 21 август - Хаваи станува 50-та држава на САД.
- 1 декември – Дванаесет земји меѓу кои и САД и СССР го потпишуваат Договорот за Антарктикот со кои се забрануваат воени активности на Антарктикот.
Remove ads
Родени
- 4 јануари - Али Ахмети, македонски политичар
- 9 јануари – Ригоберта Менчу, гватемалска активистка, Нобеловец
- 24 јануари – Настасија Кински, германска глумица
- 26 јануари - Александар Станковски, македонски уметник
- 12 март – Милорад Додик, босански политичар
- 16 март – Јенс Столтенберг, премиер на Норвешка
- 22 март – Жан Виденов, премиер на Бугарија
- 27 април – Шина Истон, шкотска пејачка
- 30 април – Стивен Харпер, премиер на Канада
- 11 јули – Ричи Самбора, американски музичар
- 23 октомври – Откачениот Ал Јанковиќ, американски пејач и пародичар
- 26 октомври – Ево Моралес, претседател на Боливија
- 5 ноември – Брајан Адамс, канадски пејач
- 13 ноември - Хари Костов, премиер на Македонија и банкар
Починале
- 3 февруари - Ричи Валенс, американски пејач
- 3 февруари – Бади Холи, американски пејач
- 24 мај – Џон Фостер Далс, американски политичар
- 17 јули - Били Холидеј, американскa пејачка
- 17 јули – Александар Цанков, бугарски премиер
- 25 септември – Соломон Бандаранаике, премиер на Шри Ланка
- 7 октомври - Марио Ланца, американски тенор и филмска ѕвезда
- 16 октомври – Џорџ Маршал, американски генерал и политичар, Нобеловец
- 28 октомври – Камило Сиенфуегос, кубански револуционер
- 28 декември – Анте Павелиќ, хрватски усташки водач
Remove ads
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads