Бормио

општина во Италија From Wikipedia, the free encyclopedia

Бормио
Remove ads

Бормио (ломбардиски: Bormi, германски: Worms im Veltlintal) е град и општина кој се наоѓа во Ломбардија на Алпите во северна Италија, со население од 4100 жители.

Кратки факти Бормио, Место ...
Remove ads

Географија

Thumb
Црквата Колеџијата.

Бормио се наоѓа во североисточниот дел на регионот Ломбардија, во горниот дел од долината Валтелина, кое што е популарно одморалиште за зимски спортови. Валтелина е валов покрај реката Ада која се влева во езерото Комо. Бормио е поврзан со други долини преку четири превои:

  • Јужен Тирол преку превојот Стелвио
  • Вал Монастеро преку превојот Умбраил
  • Ливињо преку превојот Фоскањо
  • Понте ди Лењо преку превојот Гавија
Remove ads

Историја

Thumb
Црквата Сан Витале, изградена уште во XII век во романескен стил

Поради своите термални бањи, Бормио долго време бил туристичка атракција. Членовите на римската аристократија патувале во Бормио за да уживаат во топлите бањи во планинските предели. Повеќето од овие термални бањи се во употреба и денес.

Покрај современите капацитети за скијање, градот е познат и по неколкуте топли извори кои се користат во три термални бањи.

Градот се наоѓа на историската Пјаца Кавур и Виа Рома, поранешно главно трговско место на трговскиот пат од Венеција до Швајцарија. Бормио го задржал својот уникатен средновековен центар на градот, кој привлекува многу туристи, претежно од Италија (од Милано и други градови). На Бормио ќе се одржат трките во алпско скијање на Зимските олимписки игри во 2026 година.

Remove ads

Алпско скијање

Овде се одржале натпреварите од Светското првенство во алпско скијање во 1985 и 2005 година и секоја година овде се одржува трка од Светскиот куп во алпско скијање. На Бормео има 50 километри на обележани ски патеки, од кои најдолгата патека е 6 километри, каде што се наоѓаат петнаесет жичници и неколку скијачки школи.

Во Светскиот куп, на Бормио се одржува спуст за мажи кон крајот на декември. Патеката Стелвио, наречена по превојот Стелвио, е една од најтешките спуст патеки во светот; и е втора по должина патека од Светскиот куп, зад Лоберхорн во Венген, Швајцарија.

Знаменитости

  • Џардино Ботанико Алпино „Резија“

Збратимени градови

Бормио е збратимен со:

Надворешни врски

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads