Скијачка жичница

уред што качува скијачи по падина From Wikipedia, the free encyclopedia

Скијачка жичница
Remove ads

Скијачката жичницамеханизам за превоз на скијачи на рид. Скијачките жичници обично се платена услуга во скијалиштата. Првата скијачка жичница била изградена во 1908 година од Германецот Роберт Винтерхалдер во Шолах/Ајзенбах, Хохшварцвалд.[1]

Thumb
Механизам за седешница во одморалиштето Вал Сенис Ваноас, Франција.

Видови

Thumb
Седешница во скијалиштето Вуокати во Соткамо, Каину, Финска во 2006 година.
  • Воздушни жичници превезуваат скијачи додека се виснати од земјата.[2] Воздушните жичници се често двокабловски жичарници, префиксот „дво-“ што значи дека каблите имаат две различни функции (носење и влечење).[3]
    • Воздушни трамваи
    • Седешници и монтажни седешници
    • Фунифори
    • Фунители
    • Гондолски жичници
    • Хибридни жичници
  • Влечници, вклучувајќи Т-шипки, „магични теписи“ и влечење со јаже.
  • Кабелски железници, вклучувајќи фуникулари
  • Хеликоптери и се снежни гасенички возила се користат за соодветното скијање. Ова е заднинско скијање или бордање до кое се пристапува со снежн о гасеничко возило или хеликоптер наместо со жичница или со планинарење. Скијањето со гаселенички возила е помалку од половина од цената на хеликоптерското скијање, поскапо од билетот за жичница, но е полесно од скијањето. Скијањето со гасенички возила е со водење.[4] Скијањето во одредени, крајни одморалишта, како планината Силвертон, е исто така со водење, дури и кога скијате веднаш надвор од жичницата.[5]
Remove ads

Места

Thumb
Карта на скијалиштата ширум светот.

Скијачките жичници се изградени и на северната и на јужната полутопка. Крајни места на скијачки жичници на отворено:

  • Најсеверната е во близина на Тромсе, Норвешка
  • Најјужната е во близина на Ушуаја, Аргентина
  • Најблиску до екваторот на северната полутопка е во близина на Лианг, НР Кина
  • Најблиску до екваторот на јужната полутопка е во близина на Махласела, Лесото
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads