Бошко Пејковски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бошко Пејковски ( 1922 Бразда ― 1945 во Банова Јаруга) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Remove ads
Животопис
Израснал во сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. На 10 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во сите борби против Германците и балистите на падините на Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Македонија, неговата Бригада ја продолжила борбата, за дефинитивното ликвидирање на балистичките банди на Косово. Потоа со Петнаесеттиот македонски корпус заминал за Срем,[2] каде посетувал тримесечна воено-политичка настава. По пробивот на фронтот и разбивањето на германските сили, со својата единица ја продолжил борбата за конечното уништување на непријателот. Во една битка за ослободувањето на Банова Јаруга, храбро загинал во април 1945 година. Бил закопан на борбената позиција.[1]
Remove ads
Поврзано
- Пеце Пејковски
- Јован Пејковски
- Александар П. Пејковски
- Стојко С. Пејковски
- Блаже В. Пејковски
- Неделко С. Пејковски
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads