Пеце Пејковски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пеце Н. Пејковски ( во Бразда — 1945 во Славонска Пожега) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис
Потекнувал од селско семејство. Завршил основно училиште, по што се занимавал со земјоделство. Стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада и со неа учествувал во борбите за ликвидирање на заостанатите одметнати балистички банди на Косово.[1] Потоа со XV македонски корпус заминал во Срем каде претходно се оспособил за фронтално војување,[2] преку тромесечна обука. Со Шеснаесеттата бригада учествувал во пробивот на Сремскиот фронт, особено во борбите за ослободување на Славонска Пожега. Таму биле опколени големи германски и усташки единици и истите биле потполно уништени. Во таа голема и славна победа, храбро загинал во април 1945 година. Бил закопан во гробиштата на градот, за чија слобода го дал својот живот.[1]
Remove ads
Поврзано
- Бошко Пејковски
- Александар П. Пејковски
- Стојко С. Пејковски
- Блаже В. Пејковски
- Неделко С. Пејковски
- Јован Пејковски
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads