Петнаесетти македонски корпус
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Петнаесетти македонски корпус — воена единица на НОВ и ПОМ и НОВЈ која постоела од првата половина на октомври 1944 до 11 април 1945 и учествувала во борбите на Сремскиот фронт. Бил формиран како Втор корпус на НОВ и ПОМ до 10 ноември 1944[1]
Во формацискиот состав влегле 41та и 49та македонска дивизија[1]. Веднаш по формирањето учествувал во борбите против единиците на ГАЕ, кои се повлекувале од Грција по долината на Вардар, во ослободувањето на Повардарието, Пелагонија, Преспанско и Охридско, а потоа и Кичево и Гостивар[1].
Во декември 1944 година корпусот бил реорганизиран и во неговиот состав влегле 42та и 48та македонска дивизија, по што бил именуван како ударен[1]. Во јануари 1945 учествувал во борбите на Сремскиот фронт во составот на Првата армија на ЈА[1]. Бројната состојба изнесувала 22.000 борци и офицери[1]. Во борбите на Сремскиот фронт, корпусот имал над 9.000 загинати, околу 2.800 ранети, 150 исчезнати и 20 заробени борци.[2] По расформирањето, неговите дивизии биле ставени под команда на првата армија на ЈА[1].
Remove ads
Команден состав

Командниот состав на корпусот го сочинувале:[3]
- Тихомир Милошевски, потполковник, командант до 4 јануари 1945 година
- Алексо Демниевски - Бауман, полковник, командант од 4 јануари 1945 година
- Илија Јашмак, капетан, командант на заднината на корпусот од 4 јануари 1945 година
Политички комесари биле:
- Наум Наумовски - Борче, политички комесар
- Бено Русо, политички комесар од 6 декември 1944 година
- Вујадин Поповиќ, политички комесар од 4 јануари 1945 година
Remove ads
Борбени дејства во НОВ
15. македонски корпус бил создаден во декември 1944 година, во близината на Скопје.
Сремски фронт

Веќе во февруари 1945 година, корпусот заминал на подготовки во Срем, бидејќи бил прододаден на Првата армија, која добила задача да го пробие Сремскиот фронт. Притоа, корпусот имал голема улога во ослободувањето на Посавина, каде што водел тешки борби. На неколку места, корпусот се соочил со големи човечки загуби: на 15 април 1945 година, во Будровац, во близината на Ѓаково, погинале 210 партизани, а потоа во борбата кај Врполе корпусот имал уште поголеми загуби, т.е. погинале 1.000 партизани. Големите жртви се должеле на фактот дека корпусот бил опремен само со лесно, пешадиско вооружување.[4] Од вкупно 25.000 борци и старешини, на Сремскиот фронт загинале околу 1674 борци, ранети биле 3400, а за исчезнати се сметале 378 борци и старешини.[3]
Remove ads
Наводи
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads