Бошко Шаговиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бошко Тошов Шаговиќ ( 1909 во Бањане — 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Remove ads
Животопис
Потекнувал од земјоделско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Во Шеснаесеттата македонска ударна бригада стапил од денот на нејзиното формирање. Учествувал во сите борби на бригадата против балистите и Германците, на падините на Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Скопје, бил распореден во единиците на КНОЈ во Скопје, што ги расчистувале минираните објекти во градот. При деминирање на една заостаната мина во зградата на Народната банка бил тешко ранет и пренесен во болница, а подоцна пуштен на домашно лекување. Кон крајот на 1944 година, починал од последиците на раните.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads