Бојане

село во Општина Сарај From Wikipedia, the free encyclopedia

Бојанеmap
Remove ads

Бојане — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Населбата се наоѓа на крајниот западен дел на Скопската Котлина, чиј атар се издига на планината Жеден и припаѓа на територијата на Општина Сарај. Селото е ридско, на надморска височина од 530 метри. Од патот Скопје - Тетово населбата е оддалечена 2,5 километри.

Историја

Во XIX век, селото е дел од нахијата Дервент во Скопската каза во Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 25,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.303,8 ха, на пасиштата отпаѓаат 297 ха, а на обработливото земјиште 614,4 ха. Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 57 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 215 мажи муслимани, со 16 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 462 жители.[3]

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 272 жители.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бојане живееле 175 жители, сите Албанци.[5]

Како албанско село било означено и од страна на Афанасиј Селишчев во 1929 година.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 950 Албанци.[7]

Населбата е голема и во 1961 година броела 1.195 жители, а во 1994 година 1.910 жители, населена со албанско население.

На пописот од 2002 година, селото имало 2.230 жители, од кои 1 Македонец, 2.225 Албанци и 4 останати.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.132 жители, од кои 1 Македонец, 2.071 Албанец и 60 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Бојане е албанско село.

Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Ради (9 к.) они се единствениот староседелски род, со доаѓањето на Албанците во селото, они се исламизирале и поалбанчиле/измешале. Некои тврдат дека додека биле православни, овој род се викал Радевци.
  • Доселеници: Колесњан (16 к.) потекнуваат од тројца браќа кои се доселиле од селото Колесњан во областа Љума во северна Албанија; Доми (23 к.) доселени се од местото Домни во Фанда во северна Албанија; Лески или Карач (20 к.) доселени се од селото Бицан во Љума во северна Албанија; Жугри (12 к.) доселени се од селото Дарда кое се наоѓа во областа Матија во средна Албанија; Чајон (7 к.) доселени се од местото Чаја во Љума во северна Албанија; Боди (11 к.) они потекнуваат од фисот Красниќи во северна Албанија; Речи (12 к.) и Долдур (13 к.) доселени се од местото Бице во Љума во северна Албанија; Мичи (6 к.) доселени се однекаде од северна Албанија; Рогле (10 к.) потекнуваат од фисот Круја Зи во северна Албанија; Печи (8 к.) доселени се од некое село Печи кое се наоѓало во тиранска Малесија; Ималар (7 к.) доселени се од северна Албанија; Фаризалар (10 к.) доселени се од фисот Бериш во северна Албанија; Калис или Исмаилар (6 к.) доселени се од областа Калис во северна Албанија.[14]
Remove ads

Иселеништво

Иселени православни Македонци од ова село има на следните места: Мартиновци, Јанчевци, Павлевци и Николовци иселени се во селото Сиричино кај Тетово. Богојевци иселени се во селото Туденце кај Тетово.[14]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads