Бојан Шоптрајанов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Бојан Шоптрајанов
Remove ads

Бојан Шоптрајанов, академик и доктор на науки, (26 јануари 1937, ЧачакСкопје, 10 август 2024)[1]македонски хемичар, одговорен за многу резултати на планот на развојот и афирмацијата на хемиската наука во Македонија и во светот, како и на унапредувањето и на осовременувањето на образованието од областа на хемијата во Македонија. Тој е автор на околу 202 научни трудови кои се печатени главно во меѓународни списанија и на 15 учебници и учебни помагала (вкупно 43 библиографски учебникарски единици) за средно образование, а имал 40-годишно искуство на континуирано образовање на високообразовни кадри.[1][2]

Кратки факти Бојан Шоптрајанов, Роден(а) ...

Шоптрајанов од 1996 е редовен член на Македонската академија на науките и уметностите,[1] а во 2007 стана еден од нејзините потпретседатели[3][4] откако беше меѓу најсериозните кандидати за нејзин претседател[5].

Добитник е на голем број на награди и признанија, меѓу кои се вклучуваат Златна плакета и признание (1986) од движењето „Наука на младите“ на Југославија; „Томазиусов медал“ (1987) од Универзитетот во Хале (Германија), Повелба на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (2003), награда „11 октомври“ (2005) и многу други.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads