Братмир
поранешно село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Братмир[1] или Предмир,[2] Предмери,[3] Братомир, Братимир (грчки: Μπρατμιρίου[4]) — поранешно село во Населичко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Горуша на Кожанскиот округ во Западна Македонија, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.
Remove ads
Географија
Урнатините од селото се наоѓаат во областа Костенарија, југозападно од Рупишта. Лежат меѓу селата Нестиме на запад, Чрчишта на исток и Бухин на југозапад.[4]
Историја
На крајот од XIX век Братмир било маломакедонско село во Населичката каза. Селото било чифлик на Џелал-бег.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Братмиръ имал 60 жители Македонци.[5][1]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Братомир е чисто македонско село во Населичката каза на Серфичкиот санџак со 12 куќи.[6]
На почетокот на XX век целото население на Братмир било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Братмир имало 96 Македонци, сите под патријаршијата.[5][7]
Во егзархиската статистика за 1908/09 г. Атанас Шопов го води Братомир во списокот на македонските патријаршистички, полупогрчени села во Населичката каза.[5][8]
Според Георги Константинов Бистрицки Прѣдмиръ пред Балканските војни се состоел од 6 македонски куќи.[5][9] Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) Предмири се растурило уште во 1902 г. поради турски зулуми.[10]
За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. согласно Букурешкиот договор влегло во состав на Грција.
Селото е запустено и од него денес останала само парохиската црква „Св. Никола“. Жителите на Братмир се преселиле во Чрчишта, Нестиме и Рупишта.[4] Жителите од околните места кои потекнуваат од Братмир и денес ја одржуваат црквата и во неа ја чествуваат селската слава.[4]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads