Брест (Струмичко)
историско село во Струмичко From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Брест или Брес — историско село на територијата на Општина Босилово, Струмичко, денес во северниот дел на атарот на Сушица.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓало во јужното подножје на Огражден, во долина на 3 км северно од Сушица. Се делело на маала кои биле наречени според родовите.[2]
Историја
На крајот од XIX век Брест било село во Струмичката каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Брес (Bresse) било село со 8 домаќинства сочинети од 22 муслимани.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Бресъ имало 65 жители, сите Македонци христијани.[4][5] Според Јован Трифуноски во 1901 г. во селото имало 12 македонски домаќинства, и на крајот од турското владеење било чифлик на Бекир-бег од Сушица. Поатаму Трифуноски наведува имиња на некои стопани од селото: Цветко, Ѓорѓи, Костадин, Тренчо и Велко.[2]
На почетокот на XX век целото христијанско население на Брест било под врховенството на Бугарската егзаргхија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев (La Macédoine et sa Population Chrétienne) во 1905 г. во Брез (Brez) имало 48 Македонци, сите под егзархијата.[4][6]
Според Трифуноски, поради убиство жителите на Брест се иселиле во Барбарево за да избегнат казна поради убиство кое се случило кај селото во 1901 г.[2] Кога го посетил местото, тој нашол остатоци од куќи, селските гробишта и напуштен каменолом.[2]
Атарот на напуштеното село е припоен кон оној на Сушица.[2]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads