Брештени

село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Брештени
Remove ads

Брештени (дијалектно: Брешчени; грчки: Αυγή, Авги; до 1926 г. Μπρέστενη/Μπρέστανη, Брестени/Брестани;[2] до 1929 г. Крија Нера[3]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур од истоимениот округ на Западна Македонија, Грција.

Кратки факти Брештени Αυγή, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Брештени се наоѓа на мала оддалеченост од реката Белица, западно од Рупишта и југозападно од градот Костур[4]. Сместено е во југозападниот крај на Костурската Котлина под падините на планинскиот масив на планината Вич, во историско-географската и етнографска област Костенарија. Сместено е во дол кој од исток е ограден со ридско шумовито земјиште, додека кон запад на благо закосените падини се наоѓа обработливото земјиште.

Remove ads

Историја

Во минатото селото Брештени било мешана македонско-турска населба, при што во него според статистиките на Васил К’нчов живееле 180 Македонци и 125 Турци, додека Милоевиќ го спомнува со 28 македонски и 12 турски куќи[4]. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Брештани се води како мешано македонско-турско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 50 куќи.[5] По иселувањето на турското муслиманско население во 1924 година, по сила на Лозанската конвенција, тука се населени извесен број бегалски семејства од Мала Азија со вкупно 95 лица, така што селото одново станала мешана населба[4], овој пат со македонско и грчко-бегалско доселеничко население. Во времето на Грчката граѓанска војна селото многу настрадало — посебно македонските семејства: загинале 17 Македонци, додека 127 го напуштиле селото и побарале засолниште во СР Македонија и извесен број во источноевропските земји, при што во селото останале околу 50 Македонци[4].

Remove ads

Стопанство

Селото Брештени има доста поволна положба за развој на земјоделството на допир на два вида земјишта - ридско и рамничарско со обилни извори на вода, поради кои тоа го носело грчкиот назив Крија Нера со значење „студени води“. Главни производи на селото се жито, леќа и тутун[6].

Население

Според пописите во 1913 година селото Брештени имало 317, а во 1920 година 312 жители[4]. По 1924 година од селото се иселува турското муслиманско население, а се доселуваат бегалци од Мала Азија, но сепак бројот на Македонците останал малку поголем од оној на доселените бегалци, при што во 1928 година се попишани 265 жители[4]. Поради страдањата за време на Граѓанската војна голем дел од Македонците се иселиле при што останале само околу 50 души. Бројот на жителите во 1951 изнесувал 271, во 1961 година 264, во 1971 година 210, во 1981 година 209, а во 1991 година 222 жители[6].

Повеќе информации Година, Население ...


Remove ads

Културни и природни знаменитости

Личности

Иселеништво

По 1924 година од селото во Турција се иселило турското муслиманско население, а по страдањата во Граѓанската војна од 1945-1949 селото го напуштиле 127 Македонци коии побарале засолниште во Република Македонија и извесен број во источноевропските земји.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads