Брзозборки

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Брзозборките се зборовни конструкции тешки за изговор, се изговараат брзо и при брзиот изговор се прават грешки кои предизвикуваат весело расположение.[1] Во македонската литература брзозборки пишувале Васил Куноски, Рајко Јовчевски, Киро Донев и др.

Опис

Брзозборката е необичен фолклорен жанр која претставува своевидна игра на зборови. Брзозборките се градат со поврзување на зборови кои се тешки за изговор и слични по својата звучност, често врз принципот на алитерацијата. Тематската страна на брзозборките не е важна, зашто тие служат за забава, за натревари во брз изговор или практично вежбање за брзо зборување. Оттука, во нив преовладува духовитоста. Од друга страна, брзозборките се многу поетични и ритмички убаво скроени. Денес, брзозборките повеќе му припаѓаат на детскиот фолклор.[2]

Remove ads

Примери

Thumb
Германска брзозборка на поштенска картичка
  • Бел петел бела пепел прета.
  • Џеб, џепче, џепчиња без денарчиња.
  • Едно дрво јаворово преку поле Лазорово.
  • Лош кантар црн катран мереше.
  • Во дол бол има вол.
  • Дрзок дрвар в дрма дрва врзал.
  • Ситна роса ситно трева росеше
  • Страчка каша варила од јачмен и просо, а пак ќосот во ќошот си го чепкал носот.
  • Петре плети плот, да помине поп, да растуре плот, да ни дојде гос.
  • Кантар тргат катран.
Remove ads

Поврзано

Алитерација

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads