Брод (пловило)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бродови — без разлика дали танкери или едноставни вдлабнати кануа, отсекогаш имале голема улога во превозот на луѓе и стока. Повеќе од илјада години трговијата се одвива со помош на бродовите.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |

Remove ads
Историја
-Околу 3500 година п.н.е. Египќаните започнуваат да прават бродови користејќи папирус.
- Околу 2450 година п.н.е. Египќаните започнуваат да прават бродови од дрвени даски и нив ги управувале околу 30 веслачи.
- Меѓу 500 и 323 година п.н.е. - доба на триери (стар хеленски воен брод кој се движи со помош на весла и кој има статуа од бронзен овен на предната страна со чија помош ги уништува непријателските бродови).
- 400-1200 година п.н.е. викинските дракари владеат со европските мориња.
- 1000 година Викинзите стигнуваат до копното на Северна Америка.
- Околу 1240 година започнува да се користи средно кормило.
- 1486 Бартоломео Дијас се обидува да ја заобиколи Африка и да пронајде нов поморски пат до Индија. Не успева во тоа и стигнува само до ’ртот Добра Надеж.
- 1492 година Кристофер Колумбо обидувајќи се да најде нов поморски пат до Индија стигнува до Средна Америка. Мислејќи дека стигнал до Индија домородците ги нарекува Индијанци.
- 1492 година Васко де Гама наоѓа нов поморски пат до Индија.
- 1501 - 1502 Америго Веспучи докажува дека континентот што го пронашол Колумбо е нов континент и според него го нарекуваат Америка.
- 1519 - 1522 Фернандо Магелан го обиколува светот по морски пат.
- 1700 година - појава на бродови со кормило.
- 1850 - 1959 златна доба на клипери (брзи едреници).
- 1968 - 1969 прво едрење околу светот.
Remove ads
Видови бродови
Патнички
- Линиски брод
- Траект
- Хидроглисер
- Брод со точак на крмата
- Лебдилица
Трговски
- Танкер
- Контењерски брод
- Клипер
- Трампер
Спортски и рекреациони
- Тркачки чамец
- Глисер
- Парен чамец
- Млазен скутер
- Чамец со весла
- Кајак
- Сплав
Рибарски
Воени
- Носач на авиони
- Крстарица
- Разурнувач
- Фрегата
- Миноловец
Специјални
- Полициски чамец
- Пловен багер
- Спасувачки чамец
- Метеоролошки чамец
- Светилник
- Кршач на ледови
- Подморница
Remove ads
Бродоломи и несреќи
- 1588 година - Шпанската Армада
- 1872 година - Мари Целеста
- 1912 година - Титаник
- 1915 година - Луситања
- 1963 година - Дона Паз
- 1972 година - Квин Елизабет
- 1978 година - Амоко Кадис
Бродот како тема во уметноста и во популарната култура

Бродот како тема во книжевноста

- „Како кога два брода“ — песна на македонската поетеса Николина Андова од 2013 година.[1]
- „Бродови“ — кус расказ на македонскиот писател Климент Булоски (под псевдонимот Дозгулпмус) од 2008 година.[2]
- „Најубав брод“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[3]
- „Црвените едра“ — новела на рускиот писател Александар Грин.[4]
- „Брод“ — песна на југословенскиот поет Мак Диздар.[5]
- „Бродолом“ — песна на македонскиот поет Славко Јаневски.[6]
- „Бродолом“ — кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[7]
- „Пијаниот брод“ — песна на францускиот поет Артур Рембо.[8]
- „Седум брода“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.[9]
- „Бродот Куманово“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[10]
Бродот како тема во музиката

- „Параходот ми пристигна“ — македонска народна песна.[11]
- „Пинта, Нина, Санта Марија (Кон вечноста)“ (англиски: Pinta, Nina, Santa Maria (Into Eternity)) — композиција на грчкиот музичар Вангелис од 1981 година.[12]
- „Кога пристига бродот“ (англиски: When The Ship Comes In) — песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1964 година.[13]
- „Кристален брод“ (англиски: The Crystal Ship) - песна на американската рок-група Дорс (The Doors) од 1967 година.[14]
- „Брод на будалите“ (англиски: Ship Of Fools) - песна на Дорс од 1970 година.[15]
- „Дрвени бродови“ (англиски: Wooden Ships) - песна на американската фолк-рок група Крозби, Стилс и Неш (Crosby, Stills & Nash) од 1969 година.[16]
- „Брод на будалите“ (англиски: Ship Of Fools) - песна на американскиот рок-музичар Џон Кејл (John Cale) од 1974 година.[17]
- „Брод на слободата“ (англиски: Liberty Ship) — песна на британската рок-група The La's од 1990 година.[18]
- „Бродови“ (шпански: Ships) — песна на израелската рок-група Минимал компакт (Minimal Compact) од 1982 година.[19]
- „Брод на смртта“ (англиски: Death Ship) - песна на австралиската рок-група Худу Гурус (Hoodoo Gurus) од 1984 година.[20]

Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
