Американски староседелци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Американските староседелци („Индијанци“) — општ назив за народите кои се домородни на просторите од арктичка Канада и Алјаска до Огнената земја во Чиле и Аргентина, односно копното Америка, кои меѓусебно се разликуваат по јазикот, културата и физичкиот изглед. Кристофер Колумбо мислел дека стигнал во Индија и затоа луѓето со кои доаѓал во допир ги нарекувал Индијанци (шп. indios).

Повеќето се ловечко-збирни заедници. Во нивните најразвиени народи кои успеале да подигнат високоразвиени цивилизации спаѓаат народите Олмеци, Толтеци, Маите и Ацтеките од Мексико и Инките од Перу. Денес многу живеат во резервати, особено во Канада, САД и Бразил.
Remove ads
Американските староседелци во уметноста и во популарната култура
- „Џеронимо“ — кус расказ на македонскиот писател Гето Руди од 2017 година.[23]
- „Локомотива 38, Одјибвеј“ — расказ на американскиот писател Вилијам Саројан.[24]
- „Апачи“ (англиски: Apache) - американски рапер.[25]
- „Индијанци“ (англиски: Indians) - песна на американската треш-метал група Антракс (Anthrax) од 1987 година.[26]
- „Народот Чироки“ (англиски: Cherokee Nation) — песна на американската хард-кор група Ill Repute од 1984 година.[27]
- „Индијанско летно небо“ (англиски: Indian Summer Sky) - песна на ирската рок-група У2 од 1984 година.[28]
- „Народот на коњите“ (англиски: Horse Nation) - песна на британската рок-група Калт (The Cult) од 1984 година.[29]
- „Апачи“ (англиски: Apache) - песна на британската рок-група Саутерн дет калт (Southern Death Cult) од 1983 година.[30]
- „Кајови“ (англиски: Kaiowas) - песна на бразилската треш метал-група Сепултура (Sepultura) од 1993 година.[31]
- „Мохавки“ (англиски: Mohawk) — композиција на американскиот џез-музичар Џеј Џеј Џонсон (J.J. Johnson).[32]
- „Апачи“ (англиски: Apache) - песна на британската поп-рок група Шедоус (The Shadows) од 1960 година.[33]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads