Брукхејвенска национална лабораторија
државна научноистражувачка установа во Њујорк, САД From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Брукхејвенска национална лабораторија (англиски: Brookhaven National Laboratory, BNL) — научна установа на Министерство за енергетика на САД, една од поголем број државни „национални лаборатории“ посветени на науката. Сместена во месноста Аптон на островот Лонг Ајленд, Њујорк, а основана е во 1947 г. на местото на поранешната воена база „Кемп Аптон“. Наречена е по градот Брукхејвен, во чие пошироко подрачје влегува установата.
Remove ads
Работна поставеност
Иако лабораторијата е во сопственост на Министерството за енергетика, научните истражувања ги вршат повеќе универзитети и научни организации, кои воедно стопанисуваат со неа во здружен облик.
Лабораторијата има кадар вкупно 3.000 вработени, меѓу кои научници, инженери, техничари и помошен персонал, како и до 4.000 гостински истражувачи годишно,[1] а откритијата направени во неа довеле до повеќе Нобелови награди.[2]
Брукхејвенската национална лабораторија има своја полициска станица, противпожарна служба и поштенски број (11973). Зафаќа вкупна површина од 21,3 км2 со своја железничка делница, по која сообраќаат возови по потреба.
Remove ads
Историја
Установата е основана во 1947 г. на местото на базата Кемп Аптон која служела за обука во Првата и Втората светска војна. По завршетокот на втората војна, решено е дека базата треба дас е расходува и да се пренамени во место за развивање на атомска енергија за мирољубиви цели. За оваа цел е создадена организација составена од деветте најважни истражни универзитети во земјата: Колумбискиот универзитет, „Корнел“, „Харвард“, „Џонс Хопкинс“, Масачусетскиот технолошки институт (МИТ), Принстонскиот, Пенсилванскиот, Рочестерскиот универзитет и „Јејл“.
На 21 март 1947 г. Кемп Аптон прешол од Министерството за одбрана (војна) во сопственост на Комисијата за атомска енергија на САД (AEC), претходник на Министерство за енергетика.
Remove ads
Главни програми
Иако бил првобитно предвиден како центар за јадрени истражувања, денес задачите на центарот се многу поопсежни. Во него се одвива работа на следниве полиња:
- јадрена и честична (високоенергетска) физика[3]
- физика и хемија на материјалите[4]
- околинско[5] и енергетско истражување
- нераспространување на јадреното оружје[6]
- Невронауки и медицинско снимање[7]
- структурна биологија[8]
Главни строеви

- Релативистички судирач на тешки јони (Relativistic Heavy Ion Collider, RHIC) — строј наменет за испитување на кварково-глуонската плазма.[9] Сè до 2008 г. бил најмоќниот забрзувач на честички.
- Центар за функционални наноматеријали (Center for Functional Nanomaterials, CFN) — строј за проучување на материјали во наноразмери.[10]
- Национален синхротронски извор на светлина II (National Synchrotron Light Source II, NSLS-II) — наследник на Националниот синхротронски извор на светлина[11] кој во својата тридецениска историја привлекол повеќе истражувачи од било кој друг научен строј на светот,[12] овозможувајќи го откритието наградено со Нобеловата награда за хемија во 2003 г.[13]
- Синхротрон со наизменичен наклон (Alternating Gradient Synchrotron, AGS) — забрзувач на честички, од чија употреба произлегле три нобелови награди.[14]
- Постројка за забрзувачки проби (Accelerator Test Facility, BNL-ATF) — направа за создавање, забрзување и надзор на снопови од честички.[15]
- „Тандем Ван де Граф“ (Tandem Van de Graaff) — своевремено најголем електростатички забрзувач на светот.[16]
- „Њујорк блу џин“ (New York Blue Gene) — 18-поличен суперсметач (со дополнителен двополичен сродник) во соработка со универзитетот „Стоуни Брук“.[17]
Remove ads
Нобеловци
Физика
- 1957: Џенинг Јанг и Цунгдао Ли — закони за парноста[18]
- 1976: Семјуел Тинг — пси-честичка[19]
- 1980: Џејмс Кронин and Вал Логсдон Фич — CP-нарушување[20]
- 1988: Леон Ледерман, Мелвин Шварц, Џек Стајнбергер — мионско неутрино[21]
- 2002: Рејмонд Дејвис — неутринско колебање[22]
Хемија
- 2003: Родерик Макинон — јонски канал[13]
- 2009: Венкатраман Рамакришнан и Томас Стајц — рибозом[23]
Поврзано
- Наука и технологија во САД
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads