Нобелова награда за хемија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Нобелова награда за хемија
Remove ads

Нобелова награда за хемија (шведски: Nobelpriset i kemi) — годишна награда што ја доделува Кралската академија на науките на научници од различни области на хемијата. Таа е една од петте Нобелови награди што ја основал во 1895 година пронаоѓачот на динамитот, шведскиот физичар Алфред Нобел (1833 - 1896). Останатите награди се: Нобелова награда за физика, Нобелова награда за физиологија или медицина, Нобелова награда за литература, Нобелова награда за мир и Нобелова награда за економија.[1]

Thumb
Јакоб Хенрик вант Хоф (1852 – 1911) — првиот добитник на Нобеловата награда за хемија.

Според тестаментот на Нобел, наградата се исплатува од средствата на фондацијата „Нобел“, а ја доделува комитет од пет члена кои ги избира Кралската академија на науките.[2] Првата Нобелова награда за хемија е доделена во 1901 година на Јакоб Хенрик вант Хоф, од Холандија.

Секој добитник добива медал, диплома и парична награда која не е иста секоја година.[3] Во 2007 година, Гехарт Ертл добил десет милиони шведски круни, (малку повеќе од 1 милион , или 1,4 милиони американски долари.

Наградата се доделува во Стокхолм на годишна церемонија на 10 декември, годишница од смртта на Нобел.[4]

Remove ads

Лауреати

Повеќе информации Година, Добитник[A] ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads