Нано-

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

нано- (симбол: n, меѓун. n) — единична претставка со значење милијардити дел[1]. Претставува делител 10−9 или 0,000000001. Наоѓа примена во науката и електрониката, како претставка за единиците за време и должина. Поимот е усвоен како стандард во 1960 г.

Примери:

  • 1 нанометар е приближно еднаков на растот на нокт за една секунда.
  • три атоми на злато прават 1 нанометар ако се наредат во низа.
  • ако една џамлија е широка еден нанометар, тогаш Земјината топка би била широка еден метар.[2]

Зборот потекнува од старогрчки: νᾶνος, нанос што значи „џуџе“.

Кога се користи како јазична претставка, поимот сочинува дел од кованица како нанотехнологија, или со значење на нешто од нанометарски размери.

Remove ads

Поврзано

Повеќе информации Претставка, Макед. симбол ...
Remove ads

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads