Брјаза

село во Катеринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Брјазаmap
Remove ads

Брјаза или Врјаза (грчки: Βρία, Врија; до 1926 г. Βρυάζα, Врјаза[2]) — село во Катеринско, Егејска Македонија, денес во општината Катерина на округот Пиерија, Грција. Населението брои 319 жители (2021).

Кратки факти Брјаза Βρία, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 4 км западно од градот Катерина и 3 км јужно од Ретина, во источните падини на планината Шапка, на надморска височина од 330 м.[3]

Историја

Неговото население уште од порано има грчко потекло.[3]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 128 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 112 лица.[3]

Во 1926 година, името на селото било променето во Врија (Βρία).[2]

Стопанство

Населението произведува пченица, компири и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.[3]

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Општествени установи

  • Основно училиште

Самоуправа и политика

Во 1966 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 20 квадратни километри.[3] Општината Брјаза била приклучена во општината Шапка во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Катерина.

Селото припаѓа на општинската единица Шапка со седиште во селото Ретина, која припаѓа на поголемата општина Катерина, во округот Пиерија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Брјаза, во кој е единствено село.

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Поглед на црквата „Св. Никола

Цркви

  • Црква „Св. Никола“

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads