Шапка (планина)

планина во Егејска Македонија и Тесалија From Wikipedia, the free encyclopedia

Шапка (планина)map
Remove ads

Шапка или Чапка[1][2] (грчки: Τίταρος, Титарос, Σιάπκα, Σάπκα) — планина во Егејска Македонија и Тесалија.[3][4]

Кратки факти Шапка, Највисока точка ...
Thumb
Широк поглед на планината
Remove ads

Опис

Планината се наоѓа во јужниот дел на Кожанско и Катеринско и северниот дел на Лариско, Тесалија. На север и северозапад е одвоена од Пиериските Планини со превојот Крионери (1.500 м), реката Кара Су (Мавронери) и реката Извор (Исворос), притока на Коничка Река (Сарандапорос). На исток и југоисток одделена е од планината Вулгара со превојот Палиодервено (1.020 м), каде проаѓа патот Катерина - Еласона, како и долината на Свети Димитрија и река Петриотико, која по клисурата Петра се влева во Кара Су.[3]

Карпите на планината се гнајсеви, офиолити и амфиболити.[3]

Шапка е вклучена во мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1250003).[3]

Европската пешачка патека E4, идваща от Кокинопило проаѓа низ селото Ливади и продолжува кон селата Гликово и Цапурња на планината Амар Беј.[3]

До врвот се стасува од селото Ливади за околу 4 часа.[3]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads