Стануловци

село во Општина Свети Николе, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Стануловциmap
Remove ads

Стануловци — село во областа Овче Поле, во Општина Свети Николе, во близина на градот Свети Николе.

Кратки факти
Remove ads

Потекло и значење на името

Мештаните кажуваат дека името на селото доаѓа од тоа дека повеќе пати ја менувало својата местоположба, односно „станувало“.[2]

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Овче Поле, во западното подножје на планината Манговица, во крајниот источен дел на територијата на Општина Свети Николе, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Пробиштип.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 450 метри. Од градот Свети Николе е оддалечено повеќе од 22 километри.[3]

Стануловци е мало село, кое се наоѓа помеѓу селата Арбасанци, Буриловци и Судик. Жителите се снабдуваат со вода за пиење од една чешма. Има и неколку бунари, но нивната вода не се пие. Надвор од селото има неколку мали извора: Езеро, Санѓерец и Вучи Дол.[2]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Карашов Дол, Неитен, Поглед, Старица, Забел, Избички, Ѓенџев Рид, Маска, Страна, Бели Брег, Ресилка, Бел Камен, Главица, Стурица, Турски Дол и Зонев Дол.[2]

Селото има збиен тип. Одредени групи на куќи се наречени по имињата на поединечните родови, како Чаушевци, Тармеани, Тренчеви и други.[2]

Селото скоро и да не е поврзано со никаков пат и до него се пристапува преку земјен пат низ ниви од селото Буриловци.

Remove ads

Историја

Селото се споменува во пописните опширни дефтери од 1570 година, како село во Ќустендилскиот санџак, нахија Штип со 20 христијански семејства.[4]

Постои предание дека ова село најпрвин се наоѓало на месноста Бели Брег, која се наоѓа во долина околу 2 километри јужно од денешната местоположба (во насока кон Мустафино). Таму се наоѓаат ќерамитки и парчиња од врчви.[2]

Сепак, на месноста Бели Брег селото не можело да опстои, поради што го преместиле на месноста Бел Камен, кое се наоѓа близу денешната местоположба. Денес, на ова селиште нема остатоци од старини.[2]

Нешто подоцна, се случило конечното преместување на селото на денешното место.[2]

Во селото се зачувани неколку стари македонски родови, кои веројатно се староседелци. Тоа се Чаушеви, Лисичкови, Кукурекови и други. Покрај нив, имало и доселеници.[2]

Стопанство

Thumb
Стара куќа во селото

Атарот зафаќа простор од 7,2 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 352 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 348 хектари, а на шумите само 8 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[3]

За време на отоманскиот период, во селото немало никакви чифлици. По Втората светска војна, основаното државно претпријатие во Немањици одзело околу 50 хектари обработливо земјиште.[2]

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[5]

Селото е мало, населено со македонско население и е во фаза на наполно раселување. Во 1961 година селото броело 155, а во 1994 година, само четири жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Стануловци живееле само 2 жители, Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Стануловци е чисто македонско православно село.[2]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1957/58 година родови во селото се:

  • Староседелци: Чаушевци (6 к.), Лесичковци (1 к.), Кукурековци (2 к.), Арнаутци (1 к.), Вучи (1 к.) и Швраковци (2 к.). Чаушевци порано имале голема задруга и биле многу богати.
  • Доселеници: Тараинчанци (5 к.), доселени се од селото Таринци, Штипско. Најпрво се населиле во селото Судик, па од таму во селото Стануловци, тоа било во XIX век; Тренчевци (3 к.) и Брдарци (1 к.), доселени се во различен период од селото Арбасанци, таму биле староседелци; Гуштер (1 к.) и Болигас (1 к.), доселени се пред 1912 година од селото Толја кое постоело кај селото Арбасанци.

Иселеништво

Се знае за следните иселеници од селото. Давитковци се иселиле во селото Мустафино. Ѓоргијови иселени се во селото Долно Црнилиште. Давиткови после Првата светска војна се иселиле во селото Врсаково. Стојчеви во 1936 година се иселиле во селото Буриловци. Од родот Лисичкови има иселеници во споменатото Буриловци. Во турско време неколку семејства се иселиле во градот Штип.[2]

Remove ads

Самоуправа и политика

Thumb
Стара куќа во селото

Во XIX век, Стануловци било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Свети Николе, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Свети Николе.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Свети Николе во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Немањици, во која покрај селото Стануловци, се наоѓале и селата Арбасанци, Горно Барбарево, Долно Барбарево, Макреш, Мечкуевци, Немањици, Орел, Патетино и Равници. Селото било дел од некогашната општина Мечкуевци во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Арбасанци, Буриловци, Мечкуевци, Ранчинци, Патетино и Стануловци.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1698 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Мустафино. Во ова избирачко место се опфатени и селата Арбасанци, Буриловци и Стануловци.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 347 гласачи.[12]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 340 гласачи.[13]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Димитриј“
Археолошки наоѓалишта[14]
Цркви[15]

Редовни настани

Слави[2]

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads