Бујзе

From Wikipedia, the free encyclopedia

Бујзе
Remove ads

Бујзе ― поранешен остров кој бил еден од Источнофризиските Острови во близина на германскиотбрег на Северното Море, кој речиси целосно бил зафатен од морето во втората половина на 17 век. Единствениот преостанат дел е источниот крај, познат денес како островот Нордернај. Самиот Бујзе бил образуван со распадот на поголем остров. Се споменуваат две можни потекла: распадот на островот Бурхана во потопот од 1219 година и распадот на островот Бант во 1170 година, кој исто така ги образувалЈист, Боркум и Мемерт.

Thumb
Карта на кој е прикажан островот

Бујзе се распаднал на два дела во 1362 година. Источниот дел првично бил нарекуван Остеренде, а подоцна „Нордер неје Ог“ (Нов Остров Норденс), а денес е островот Нордернај. Западниот дел полека исчезнувал со текот на годините како резултат на ерозијата, но изворите не се согласуваат за точниот датум на исчезнувањето на Бујзе (Светипетровиот потоп од 1651 или 1690 година).

Remove ads

Надворешни врски

53°42′26″N 7°08′49″E

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads