Источнофризиски Острови
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Источнофризиски Острови (германски: Ostfriesische Inseln; фризиски: Eastfryske eilannen) — островска верига во Северното Море, недалеку од брегот на Источна Фризија во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Веригата се протега во должина од 90 км од запад кон исток, помеѓу устијата на реките Емс и Јаде / Везер, а на оддалеченост од 3,5 до 10 км од брегот. Подрачјата помеѓу копното и островите се прекриени со пространи плитаци (приливни блата), месно наречени „вати“ (Watten), кои се дел од водната површина наречена Ваденско Море. Пред островите се простираат територијалните води на Германија, кои опфаќаат многу поголема површина од самите острови. Самите острови, околните наносни плитаци и територијалните води (кои се природен резерват) се во потесен еколошки заедем однос. Островската група зафаќа околу 5 % од Националниот парк Долносаксонско Ваденско Море на Саксонија.
Најголем остров во групата е Боркум, сместен на западниот крај на веригата. Истата има уште шест населени острови, од запад кон исток: Јист, Нордернај (со најголемото населено место во групата), Балтрум, Лангеог, Шпикерог и Вангероге. Има уште четири помали ненаселение острови: Литје Херн источно од Боркум, Мемерт и Кахелотплате (југозападно од Јист), Минзенер Ог (прокопан остров југоисточно од Вангероге) и Мелум на источниот крај на веригата, кој според Сојузната служба за заштита на природата денес е вон групата, и му припаѓа на приливното блато наречено Триаголник Елба-Везер (Watten im Elbe-Weser-Dreieck).
Remove ads
Острови и плитаци
Ова е табела на островите и плитаците (Sandplaten) во состав на Источнофризиските Острови со основни информации за секој од нив. Ненаселените и управно неопфатените (вонопштински) плитаци се истакнати со жолто.
Нордернај е преостанатиот дел од некогашниот остров Бујзе, кој речиси целосно исчезнал под морето во XVII век. Литје Херн источно од Боркум е во постојана опасност од одмивање. Во 2003 г. Крајбрежната одбрана на Германија издала соопштение дека Кахелотплате може повторно да се смета за остров бидејќи повеќе не е изложен на редовно поплавување од плиматата. Сепак, островот зафаќа површина не поголема од 2 км2 и останува ненаселен. Кахелотплате се наоѓа северно од устието на реката Емс.
Моторниот сообраќај е забранет на највеќето острови. Исклучок од ова се Боркум и Нордернај, кои се најнаселените. Ниеден остров од групата нема мост до копното, туку само со траект.
Островите и околните морски површини се дел од Националниот парк Долносаксонско Ваденско Море.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads