Рихард Вагнер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рихард Вагнер (германски: Richard Wagner, 22 мај 1813 – 13 февруари 1883) — прочуен германски музичар од времето на романтизмот и иноватор во хармонијата, создавaјќи сопствени верзии на Gesamtkuntswerk, драмски композиции во кои сите уметности биле споени во едно. Како човек тој бил подготвен да го жртвува своето семејство и пријателите за каузата на својата музика. Неговиот антисемитизам го привлекол вниманието кон идеите за неговата работа како музичар. Во своите творби ги обработувал германските митолошки ликови, а внесувал и многу патриотски чувства. Во подоцнежниот период од кариерата, Вагнер ја уживал поддршката од кралот Лудвиг II од Баварија и бил во можност да создаде свој театар и фестивал во баварскиот град Бајројт. Тој ја развил употребата на „лајтмотив” (главен мотив) како основа на музичката творба. Неговиот прелудиум за трагичната љубов на Тристан и Изолда на светот му донел еден нов вид на хармонија.

Remove ads
Дела
Музичкиот труд на Вагнер е наведен во Каталогот на Вагнерови дела (германски: Wagner-Werk-Verzeichnis (WWV)) со 113 дела, вклучувајќи фрагменти и проекти.[1] Првото целосно научно издание на неговите музички дела во печатење започнало во 1970 година под покровителство на Баварската академија за ликовни уметности и Академијата на науките и книжевностите во Мајнц, и е во моментов под уредништво на Егон Вос. Ќе се состои од 21 том (57 книги) музика и 10 тома (13 книги) релевантни документи и текстови. Заклучно со октомври 2017 година, остануваат да се објават три тома. Издавач е Schott Music.[2]
Опери и музички драми
Вагнер, кој работел како диригент го доживеал првиот успех во 1842 година, во Дрезден со операта „Риенци“, заснована на новелата од Едвард Булвер-Литон. Една година подоцна, во 1843 година, со „Летечкиот Холанѓанец“, напишана според легенда запишана од Хајне за Холанѓанецот-дух кој пловел преку морињата, сѐ додека не ја нашол вистинската љубов. „Танхојзер“, во кој се зборува за средновековниот трубадур Танхојзер, била изведена во Дрезден во 1845 г. Вагнеровата вмешаност во револуцијата од 1848 година и бегството од Дрезден го довеле до следното драмско дело, „Лоенгрин“, во Вајмар. Четирите опери од тетралогијата „Прстенот на Нибелунзите“ - „Рајнско злато“, „Валкира“, „Самрак на боговите“ и „Зигфрид“ се ремек-дела на драмското и музичкото достигнување на Рихард Вагнер. Други негови драмски дела се „Тристан и Изолда“, „Нирнбершките мајстори-пејачи“, и последното дело, „Парсифал“.
Оркестарска музика
Најпознатите Вагнeрови оркестарски композиции се „Жртвуваната идила”, напишана за неговата втора жена, и „Козима”, за вонбрачната ќерка на Лист и поранешна жена на Рихард Вагнер.
Remove ads
Значење и влијание
Во романот „Старите мајстори. Комедија“, австрискиот писател Томас Бернхард пишува Вагнер бил гениј кому „поимот гениј навистина му личи како никому друг“.[3]
Поврзано
- Бајројтски фестивал
- Бајројтски фестивалски театар
- Тристаново созвучје
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads