22 мај
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Предлошка:Мај 2025 22 мај — 142-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (143-и во престапна година). Остануваат 223 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1819 | Парниот брод „Савана“, изграден во Џорџија, САД, пристигна во Ливерпул, во Велика Британија. Ова е првиот пароброд кој за само 25 дена го препловил Атлантикот. |
| 1918 | Германските воени авиони го бомбардираа Париз. Во историјата, тоа беше прво авионско бомбардирање на еден град. |
| 1947 | Хари Труман потпишал акт со кој на Грција и се дава воена и економска помош за борбата против комунизмот. Оваа помош овозможила пресврт во Граѓанската војна во Грција, и како резултат на тоа — Егзодусот на Македонците. |
| 1967 | Повеќе од 320 луѓе загинале во стоковната куќа „Иновасион“ во Брисел. |
| 1972 | Претседателот на САД, Ричард Никсон го посетил Советскиот Сојуз. Тоа било првата посета на американски претседател на СССР. |
| 1972 | Цејлон го доби називот Шри Ланка. Овој ден се прославува како национален празник на Шри Ланка. |
| 2004 | Во Мадрид, шпанскиот престолонаследник, принцот од Астурија, Фелипе Бурбонски, се венчал со поранешната телевизиска водителка Летисија Ортис. Тоа било првото кралско венчавање на територијата на Шпанија по пауза од 98 години. |
| 2012 | Отворена за јавноста радиодифузната кула „Токиско небесно дрво“, втората највисока градба во светот. |
Родени:
| 1813 | Рихард Вагнер — германски композитор, реформатор на операта. |
| 1907 | Лоренс Оливие — англиски театарски и филмски глумец, режисер и продуцент. |
| 1913 | Рафаел Хил — шпански режисер. |
| 1937 | Виктор Понеделник — руски и советски фудбалер. |
| 1946 | Владимир Ангеловски — македонски глумец. |
| 1946 | Петар Божовиќ — српски глумец. |
| 1946 | Џорџ Бест — северноирски фудбалер. |
| 1953 | Пол Маринер — англиски фудбалер. |
| 1959 | Мориси — англиски пејач, член на групата „Смитс“ (The Smiths). |
| 1965 | Фанис Христодулу — грчки кошаркар. |
| 1977 | Жан Кристоф Перо — француски велосипедист. |
| 1987 | Артуро Видал — чилеански фудбалер. |
| 1987 | Новак Ѓоковиќ — српски тенисер. |
| 1991 | Кентан Мае — француски ракометар. |
| 1992 | Николај Пенчев — бугарски одбојкар. |
Починале:
| 1564 | Жан Калвин — верски реформатор, основач на калвинистичката протестантска црква. |
| 1885 | Виктор Иго — француски писател, основач на францускиот романтизам во XIX век. |
| 1939 | Јиржи Махен — чешки писател. |
| 1942 | Раде Кончар — хрватски комунист и партизан, Народен херој на Југославија. |
| 1972 | Бернабе Ферејра — аргентински фудбалер. |
| 2010 | Гане Тодоровски — македонски поет и книжевен критичар. |
Празници:
| * | Меѓународен ден на биоразновидноста. |
| * | Ден на аболицијата (Мартиник). |
| * | Национален празник на Шри Ланка. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads