Валавица
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Валавица[1][2] - направа или објект за валање и перење ткаеници.

Местоположба
Заради начинот на работа, валавиците кои се користат за валање јамболлии, килими, шајак, како и за перење на волнени и козинави ткаеници, се граделе покрај реките и потоците.[3]
Видови
Постојат два вида валавици:
- водена валавица – вир (кош) за валање јамболлии и килими, и
- сува валавица за валање шајак.
Водената валавица била градена на отворено, а сувата валавица била сместена во објект сличен на воденица. [3]
Градба
Кошовите може да бидат со различна големина, па во описот димензиите и составот на градбата се дадени како пример. Кошот претставува голем сад во облик на пресечен стожец составен од 22 букови штици долги 220 см, вкопани околу 180 см во земја. Ширината на штиците на долниот крај изнесува 5 см, а на горниот крај (над земја) – 10 см. Пречник на горниот кружен отвор од кошот изнесува 150 см, а на долниот кружен отвор – 50 см. Пред да се постават штиците во дупката, ѕидовите на ископаната конусна дупка се подѕидуваат со камења, при што на средина од ѕидовите се заѕидуваат повеќе багремови трупчиња во круг, на кои се заковуваат штиците од кошот. Горниот и долниот дел на штиците се опфатени со брезови обрачи. Долниот крај на штиците се поставува меѓу кружна камена плоча и долниот дел од ѕидот. Штом ќе се пушти вода од јазот – вадата во буковата коруба, која со долниот дел е поставена на горниот раб од штиците, бликот вода создава кружно движење на водата во кошот, при што ткаениците се вртат и се валаат. Водата излегува меѓу штиците во горниот дел. [3]
Културно добро
Валавиците во Вирово и Дурачка Река се регистрирани културни добра, а споменичката целина Вир, Валавица и Воденица во Вевчани е регистрирана како значајно културно добро по надлежност на националните установи. [4]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads