Валас Соуса Силва

From Wikipedia, the free encyclopedia

Валас Соуса Силва
Remove ads

Валас Соуса Силва ((португалски: Walace Souza Silva), р. 4 април 1995, во Салвадор), познат и само како Валас, е бразилски фудбалер, играч од средниот ред на Удинезе.

Кратки факти Валас, Лични податоци ...
Remove ads

Клупска кариера

Гремио

Се приклучил на Гремио во 2013 година,[1] а своето деби за клубот го направил една година подоцна. Во 2016 година, дебитирал во Копа Либертадорес, а истата година го освоил и првиот трофеј со клубот, тоа бил Купот на Бразил во кој во финалето клубот од Порто Алегре бил подобар од Атлетико Минеиро.

Хамбургер и Хановер

Во јануари 2017 година, бил купен од Хамбургер за сума од околу 10 милиони евра.[2] На 11 февруари, тој го постигнал својот прв гол со новиот тим во победата од 0-3 против Лајпциг.[3] Откако во првите 6 месеци играл само 9 пати, следната година добива повеќе простор. Сепак, на крајот на сезоната 2017-2018, Хамбургер испаднал од Првата Бундеслига.

Во јуни 2018 година, Валас му се приклучил на Хановер 96 на четиригодишниот договор до 2022 година. Надоместокот за трансферот кој му бил платен на Хамбургер бил околу 6 милиони евра, со 10% од надоместокот за поранешниот клуб Гремио.[4][5] Тој одиграл само една сезона во клубот, со 26 настапи и еден гол во лигата, која завршила со второ последователно испаѓање од лигата за Валас.

Удинезе

На 8 август 2019 година, тој бил купен од Удинезе. На 14 септември, го направил своето деби за фриуланците во поразот од 1-0 од Интер, во кој играл како стартер пред да биде заменет од Роландо Мандрагора во 81-вата минута.[6] Својот прв погодок го постигнал на 27 април 2022 година, во победата со 4-0 против Фјорентина.

Remove ads

Репрезентативна кариера

Во 2015 година, Валас бил повикан во бразилската репрезентација под 20 години да се натпреварува на јужноамериканското првенство. Тој одиграл 5 натпревари без постигнат гол на турнирот на кој Бразил го освоил четвртото место.

Во јуни 2016 година, Валас бил повикан од селекторот на сениорската репрезентација, Дунга, за Копа Америка Сентенарио (2016), како замена за Луис Густаво (кој го напуштил тимот поради лични причини).[7] Тој настапил само еднаш на турнирот, во победата со 7-1 против Хаити, што бил и негов дебитантски настап за Селесао.[8]

Вeќe следниот месец, Валас бил повикан во Олимписката репрезентација на Бразил за Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро. Повторно како замена, тој влегол во списокот на повикани играчи на местото на Фред, чиј клуб Шахтар Донецк одбил да го ослободи.[9] Тој настапил четири пати на турнирот,[8] а неговата репрезентација го освоила златниот медал и ја обрадувала домашната публика.[10]

Remove ads

Хронологија на репрезенативните настапи

Сениорска репрезентација

Повеќе информации Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Бразил, Дата ...

Олимписка репрезентација

Повеќе информации Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Бразил, Дата ...

Статистика на кариерата

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 27 април 2022.

Повеќе информации Сезона, Клуб ...
Remove ads

Титули

Клупски

Бразил Гремио

  • Куп на Бразил Куп на Бразил : 1
2016

Репрезентативни

Бразил Бразил
2016

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads