Серија А 2019-2020

From Wikipedia, the free encyclopedia

Серија А 2019-2020
Remove ads

Серија А 2019-2020 била 118-тата сезона на првата фудбалска лига на Италија, односно 88-ма сезона позната под името Серија А. Сезоната започнала на 24 август 2019, а завршила на 3 август 2020.

Кратки факти Натпреварување, Спорт ...

Екипата на Јувентус влегла како бранител на титулата од сезоната 2018-2019. Бреша, Лече и Верона биле новите три членови откако избориле промоција во Серија Б претходната сезона.

Сезоната првично била закажана да трае од 24 август 2019 до 24 мај 2020 година.[1][2] Сепак, на 9 март 2020 година, италијанската влада го прекинала првенството до 3 април 2020 година, поради пандемијата на коронавирус во Италија. Подоцна, лигата била прекината на неодредено време, наведувајќи дека ќе продолжи само ако „здравствените услови тоа го дозволат“.[3] На 18 мај било објавено дека италијанскиот фудбал ќе биде суспендиран до 14 јуни.[4] На 28 мај било објавено дека Серија А ќе продолжи од 20 јуни.[5]

На 26 јули 2020, Јувентус ја одбранил титулата на две кола пред крајот после победата на домашен терен над Сампдорија со 2-0.[6] Со тоа клубот од Торино стигнал до своето 36-то скудето во клупската историја, 9-то едноподруго почнувајќи од сезоната 2011-2012. Второто место со само 1 бод помалку од шампионот го освоила екипата на Интер, која со победа во директниот двобој над Аталанта во последното коло избила пред клубот од Бергамо, кој паднал на третата позиција. Четвртото место на крајот од првенството го освоила екипата на Лацио и со тоа биле комплетирани учесниците во Лигата на шампионите за следната кампања.

Петтопласираната Рома, шестопласираниот Милан, како и седмопласираниот Наполи (кој го освоил Купот на Италија) ќе учествуваат во Лигата на Европа 2020-2021.

Трите клуба кој испаднале од лигата во сезоната биле Лече, Бреша и СПАЛ.

Најдобар стрелец во лигата во оваа сезона бил Чиро Имобиле од Лацио со 36 постигнати гола, со кои го изедначил рекордот на Гонсало Игуаин од сезоната 2015-2016.

Remove ads

Општо

Трите нови екипи кои избориле промоција во Серија А за оваа сезона биле Бреша, Лече и Верона, заменувајќи ги Емполи[7], Фрозиноне[8] и Кјево[9] кои испаднале во претходната сезона. Бреша - како шампион на Серија Б - се вратила во Серија А по осум сезони отсуство,[10] Лече пак, се вратил назад во најсилното фудбалско друштво во Италија по седум сезони отсуство,[11] додека Верона се вратила по само една сезона пауза како победник на плејофот.[12]

Првенството започнало во сабота на ден 24 август 2019 година, со натпреварите од првото коло; крајот на првенството, првично бил утврден за 24 мај 2020 година,[13] меѓутоа последователно бил одложен за 2 август 2020, како резултат на пандемијата од COVID-19.[1] Предвидени биле три вонредни кола кој требале да се одиграат во средината на седмицата (25 септември и 30 октомври 2019 година, кои се одиграле во закажаниот термин, и 22 април 2020 година, подоцна откажано) но подоцна биле додадени 6 вонредни кола (24 јуни и 1 јуни, 8, 15, 22 и 29 јули 2020 година) и 5 паузи, од кои 3 се должеле на обврските на италијанската фудбалска репрезентација во квалификациите за Европското првенство 2020 закажани за 8 септември 13 октомври и 17 ноември 2019 година;[14] додека четвртата ваква пауза, закажана за 29 март 2020 година, била откажана поради споменатата пандемија.

Петтата и последна пауза во првенството била предвидена по повод Божиќните празници пауза па така не се играло фудбал на 29 декември 2019 година.[14] Со ова експериментот од минатата сезона за одигрување на два божиќни круга (познати како Boxing Day, моделиран од англиското првенство) закажани за 26 декември и за последната сабота пред новогодишната ноќ бил затворен.[15] За првпат исто така, била разгледувана опцијата за воведување на асиметричен календар како во некој други првенства (така што во вториот дел од првенството распоред по кола нема да биде истиот како во првиот дел),[16] но тој проект подоцна бил отфрлен.[17]

Во однос на времето на игра, единствената разлика во однос на минатата сезона е враќањето на вечерните натпревари со почеток во 20:45 часот наместо 20:30 часот.[14] Исто така, имало зголемување на 3 натпревари во сабота (во 15:00, 18:00 и 20:45 часот) додека преостанатите натпревари биле закажани за недела (вклучително и натпревар од 12:30 часот).[14] Конечно, можни биле и натпревари во петок и понеделник навечер, во викендите после кои следувале обврски на клубовите во Европските купови.[18] Овој формат бил карактеристичен во првите две кола, по што двете смени се рашириле во текот на наредните три кола;[18] Според тоа, распоредот на одигрување на натпреварите што го обезбедила лигата изгледал вака:

  • Сабота: 3 натпревари
    • 1 натпревар во 15:00 часот
    • 1 натпревар во 18:00 часот
    • 1 натпревар во 20:45 часот
  • Недела: 6 натпревар
    • 1 натпревар во 12:30 часот
    • 3 натпревар во 15:00 часот
    • 1 натпревар во 18:00 часот
    • 1 натпревар во 20:45 часот
  • Понеделник-Петок: 1 натпревар во 20:45 часот

По продолжувањето на првенството во летните месеци, после присилното запирање заради пандемијата, програмата и времето за играње вклучувале еден натпревар во петок или во понеделник од 21:45 часот, три термини во сабота (во 17:15, 19:30 и 21:45 часот) додека преостанатите натпревари биле закажани во недела со еден натпревар од 17:15 часот, четири или пет натпревари од 19:30 часот и вечерен термин во 21:45 часот. Како што побрзо би се одиграле заостанатите кола и што побрзо би се завршила сезоната, во периодот после пандемијата се играло два натпревари неделно, еден во средината на седмицата и еден за викендите. Во вонредните кола одиграни во средината на седмицата, програмата вклучувала еден или два натпревари во вторник (во случај на еден натпревар тој се играл во 21:45 часот, во случај на два натпревари, еден се играл во 19:30 часот и еден во 21:45 часот), шест или седум натпревари во среда (со почеток од 19:30 и 21:45 часот) и еден или два натпревари во четврток (во случај на еден натпревар, тој започнувал во 21:45 часот, во случај на два натпревари еден се играл од 19:30 и еден во 21:45). Последното коло од првенството, одиграно на 2 август, пак било одиграно според вообичаените термини кои се користеле во текот на сезоната од 18 часот и 20:45 часот. Подетално, бил одигран еден натпревар од 18 часот во сабота и еден во исто време во недела, со четири натпревари во сабота од 20:45 часот и уште четири во недела во истиот термин. Уште една новина во натпреварите после пандемијата, било воведувањето на право на користење на пет замени наместо дотогашните три.

Remove ads

Калчомеркато

Летна сесија

Thumb
Холандскиот играч од одбраната Матајс де Лихт, новото засилување на Јувентус, бил лансиран веднаш во погон поради неочекуваната повреда и долгорочната пауза на капитенот Кјелини:[19] неговиот придонес му помогнал многу на Јувентус на патот до освојувањето на скудетото.

Освојувачот на последните осум титули во лигата, екипата на Јувентус, во потрага по нови успеси, по пет години ја завршиле соработката со тренерот Масимилијано Алегри и му ја довериле клупата на Маурицио Сари,[20] победник на Лигата на Европа во минатата сезона како предводник на Челси. Бјанконерите во текот на летото го засилиле средниот ред со двајца слободни играчи Адријан Рабио и Арон Рамзи,[21] но пред сè тие ја модернизирале и подмладиле одбраната со доаѓањето на младиот централен дефанзивец Матајс де Лихт, купен од Ајакс за 75 милиони евра - рекордна сума, за одбранбен играч во италијанската лига.[22] - како и ветувачкиот турчин Мерих Демирал од Сасуоло и десниот бек Данило, земен од Манчестер Сити како дел од размената со Жоао Кансело; по само една година, во клубот се вратила и легендата Џанлујџи Буфон, овојпат како замена за Војќех Шченсни.[23]

Меѓу најакредитираните соперници во пресрет на бјанконерите, биле Наполи, втора сила во првенството во оваа деценија и Интер којшто не ги криеле обновените амбиции.[24][25][26] Партенопеите го потврдиле останувањето на Карло Анчелоти на клупата и се засилиле со централниот дефанзивец Костас Манолас од Рома,[27] во операција која во Рим го однела играчот од средниот ред Амаду Дијавара, како и со крилниот напаѓач Ирвинг Лосано од ПСВ;[28] покрај нив во составот на клубот од Неапол се приклучиле и Џовани Ди Лоренцо од Емполи, Елиф Елмас од Фенербахче, и Фернандо Љоренте, кој дошол како слободен играч. Нероаѕурите, од друга страна, тргнале по нов курс доверувајќи му ја клупата на Антонио Конте, кој се вратил во клупскиот фудбал во Италија пет години подоцна по неговите успеси со Јувентус.[29] Откако го засилиле задниот дел од тимот со доаѓањето на слободниот агент Диего Годин,[30] и го модернизирале средниот ред со пристигнувањето на двајца млади домашни играчи како Николо Барела и Стефано Сенси,[31] дошол на ред и нападот каде миланскиот клуб инвестирал во двете ѕвезди на Манчестер Јунајтед, белгиецот Ромелу Лукаку - најскапиот трансфер во нивната историја -[32] и чилеанецот Алексис Санчес;[33] меѓу заминатите играчи од Милано имало и две референтни точки во изминатите сезони како Иван Перишиќ, кои се преселил во Бајерн Минхен,[34] и пред сè поранешниот капитен Мауро Икарди, кој по замерките со клубот,[35] се преселил во Париз Сен Жермен.[36]

Thumb
Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку, новата деветтка на Интер, бил најдобар стрелец на клубот и автор на одлична дебитантска сезона во италијанската лига:[37] со неговите 23 гола тој му помогнал на Интер да го освои второто место на табелата после 9 години.

Откритието на претходното првенство, Аталанта на Џанпјеро Гасперини, во пресрет на своето деби во Лигата на шампиони ги привлекла напаѓачот Луис Муриел од Севиља[38] и играчот од средниот ред Руслан Малиновски од Генк; меѓу трансферите на заминатите играчи, треба да се одбележи оној на ветувачкиот дефанзивец Џанлука Манчини кој се преселил во Рома.[39] Милан, кој сè уште се борел со долговите кон финансискиот фер-плеј, се разделил со тренерот Џенаро Гатузо и го назначил Марко Џампаоло за нов шеф на стручниот штаб, по неговите позитивни сезони со Сампдорија;[40] росонерите се засилиле на трансфер-пазарот со бекот Тео Ернандес од Реал Мадрид, како и со играчите од средниот ред Исмаел Бенасер и Раде Круниќ двајцата дошле од Емполи,[41] додека во нападот пристигнале Рафаел Леао и Анте Ребиќ соодветно од Лил и Ајнтрахт Франкфурт. Со клубот се "опростиле" Тимуе Бакајоко, отповикан од Челси, и Патрик Кутроне кој потпишал за Вулверхемптон.[42]

Рома влегла во сезоната посакувајќи му добредојде на нивниот нов тренер Пауло Фонсека, кои се истакнал со добрите резултати во Шахтар Донецк.[43] Џалоросите исто така добиле нов човек меѓу стативите во шпанецот Пау Лопес, поранешен голман на Бетис, а, покрај гореспоменатите Манчини и Дијавара, ги ангажирале и бековите Леонардо Спинацола[44] и Давиде Ѕапакоста[45] како и играчот од средниот ред Жордан Верету.[46] Во предни позиции клубот го засилиле и офанзивниот играч од средниот ред Хенрих Мхитарјан[47] и напаѓачот Никола Калиниќ,[48] а во последните денови од преодниот во клубот дошло уште едно звучно име Крис Смолинг, долгогодишниот стопер на Манчестер Јуанјтед.[49] Меѓу играчите кој ги спакувале торбите и го напуштиле Рим биле Стефан Ел Шарави (Шангај Шенхуа), Патрик Шик (РБ Лајпциг) и Стивен Н'Зонзи (Галатасарај). Во светлосиниот дел на градот, Лацио пак била меѓу екипите со пониска активност на пазарот, завршувајќи го преодниот рок со доведување само на надворешниот играч за врска Мануел Лаѕари како единствен стартер во нивната речиси потврдена почетна формација.[50]

Меѓу останатите екипи, се издвојуваат Фјорентина и Каљари. Тосканците, кои ја затвориле ерата на Дела Вале по 17 години добиле нов сопственик во Роко Комисо,[51] се истакнале во овој преоден рок со "набавките" на Кевин-Принс Боатенг[52] и пред сè на Франк Рибери.[53] Сардинијците, од друга страна, се автори на умешен пазар со кој бил зајакнат секој дел од составот, а поготово средниот ред со враќањето на Раџа Наинголан, кој останал вишок во Интер, надополнето со доаѓањата и на Наитан Нандес и Марко Рог;[54] не помалку важни биле трансферите и на Лука Пелегрини дојден на заем од Јувентус, и Џовани Симеоне кој дошол за да се надомести долгорочната повреда на Леонардо Паволети.[54] Парма во својте редови ги довела Матео Дармијан[55] и младиот ветувачки играч од средниот ред, Дејан Кулушевски, кој дошол на позајмица од Аталанта.[56] Торино го "зел" на позајмица Симоне Верди од Наполи[57] и конечно новопромовираната Бреша му понудила шанса на нивниот веќе подзаборавен сограѓанин Марио Балотели.[58]

Зимска сесија

Thumb
Шведската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ се вратил во Милан во јануарскиот преоден рок, осум години по неговото последно искуство во Серија А.

На зимскиот трансфер-пазар за издвојување е активноста на Интер, кој во обид да направат уште поголем квалитативен скок во ростерот, го купиле данскиот играч од средниот ред Кристијан Ериксен од Тотенхем;[59] исто така од Премиер лигата дошле и страничните играчи Ешли Јанг[60] и Виктор Моузес,[61] земени од Манчестер Јунајтед и Челси, соодветно. Спротивно на тоа, нероаѕурите ги напуштиле Матео Политано, продаден на Наполи;[62] токму клубот од Кампанија се наоѓал меѓу разочарувањата од првиот дел од сезоната, па очекувано биле меѓу најактивните екипи на пазарот за поправки. Со цел да го засили средниот ред, тие го довеле германецот Диего Деме[63] и словакот Станислав Лоботка,[64] соодветно од РБ Лајпциг и Селта Виго. Во Јувентус се одлучиле за намалување на преголемиот ростер со продажбите на Марио Манџукиќ[65] и Емре Џан,[66] додека Рома се разделила со Алесандро Флоренци, кој по седум и пол сезони со џалоросите, заминал на заем до крајот на сезоната во Валенсија.[67]

Интересно во јануарскиот преоден рок било и во Милан, кој го одиграл првиот дел од сезоната под очекувањата, и се обидува да се искачи на предните места во горниот дел на табелата заложувајќи на повратникот во екипата и добро познатото лице во италијанскиот фудбал Златан Ибрахимовиќ, кој им се приклучил со слободен трансфер по истекот на неговиот договор со Лос Анџелес Галакси;[68] речиси во исто време со доаѓањето на шведската ѕвезда, од клубот си заминал Сусо[69] и, полскиот напаѓач Кшиштоф Пјонтек, по само една година.[70] Понатаму, како дел од „размената“ во насока Милано-Бергамо, росонерите го продале дефанзивецот Матија Калдара на Аталанта[71] а како негова замена дошол данецот Симон Кјер, кој бил во сопственост на Севиља, но првиот дел од сезоната го поминал на заем во Бергамо.[72] Меѓу другите операции, Фјорентина се разделила со Боатенг и ги ангажирала Патрик Кутроне, кој се вратил во својата татковина по една полусезона во Англија, и Алфред Данкан.[73] Џанова пак, длабоко замешана во борбата за опстанок спасот го побарала во четворицата повратници во клубот Матија Перин, Валон Бехрами, Матија Дестро и Јаго Фалке.[74]

Remove ads

Настани

Прв дел од сезоната (Андата)

Почетокот на првенството се чини дека ги потврдува предвидувањата на многутемина, кои верувале дека ова првенство ќе биде најбалансиран во деценијата:[75] по првите три кола Интер, кој се појавил веднаш регенериран со доаѓањето на Конте на клупата,[76] останува единствениот тим со максимален број освоени бодови.[77] Нероаѕурите ја продолжиле својата низа на успеси во наредните недели,[78] следени од блиску само од Јувентус. Бранителите на титулата покажале дека не страдаат од смената на тренерската клупа на која сега се наоѓал Сари,[79] и се искачуваат на врвот, откако во директниот натпревар од 7-мото коло го освоиле Сан Сиро победувајќи го Интер во гости со 1-2.[80] Зад водечкото дуо, Аталанта го потврдува позитивниот тренд од претходните првенства,[81] за разлика од Наполи, кој започнува да покажува неочекувани потешкотии во текот на ова првенство. Меѓу останатите екипи, уште од првите кола, биле разоткриени реалностите како во Милан, кој откако го регистрирале најлошиот старт од 81 година наваму,[82] го отпуштиле тренерот Џампаоло и го замениле со Стефано Пјоли,[83] промена што, сепак, нема да вроди со плод веднаш.[84] Двете екипи од Џенова, закотвени на дното на табелата, исто така посегнале по промената на шефовите на стручниот штаб со цел да ја спречат негативната серија и да ги поправат резултатите.[85]

По репрезентативната пауза во октомври, торинезите и миланезите го продолжуваат својот марш, за разлика од конкуренцијата.[86] Во 14-тото коло, се случува ново претекнување на врвот, Интер благодарение на најдобриот старт во својата историја се вратил на врвот на табелата,[87] но само за да биде "симнат" од Јувентус повторно во 16-тото коло. Борбата за пласмани во Европа почнува да се оформува појасно: покрај Аталанта и двата римски клуба, се приклучува и Каљари способен веќе да ги собере придобивките од квалитетните летни засилувања.[54] Наполи од друга страна губи позиции, со што сè повеќе и повеќе станува плен на револт помеѓу тимот, сопствениците и навивачите,[88] како резултат на тоа на почетокот на декември клубот го отпуштил Карло Анчелоти во корист на Џенаро Гатузо.[89] Фјорентина, исто така, била меѓу разочарувањата и по добриот почеток се лизнала во пласманот, по што биле принудени да му врачат отказ на Винченцо Монтела поради лошите резултати и да го назначат Џузепе Јакини.[90] Во долниот дел од табелата, тешкотиите се сè повеќе видливи кај Џенова, која на дното ја придружуваат СПАЛ и Бреша.

Првиот дел од првенството завршува со победата на Јувентус над Рома во Рим со која тие го искористиле ремито на Интер против Аталанта, за да станат „зимски шампиони“.[91] Зад првите две екипи, кандидатурата за место во Лигата на шампионите сериозно ја најавува Лацио, кој, понесен од фантастичната форма на напаѓачот Чиро Имобиле, забележува рекорд во историјата на клубот за последователни победи (11) во најсилната италијанска лига, со што ги престигнале Аталанта и Рома.[92] На Каљари, кој сè уште се држи високо на табелата по експлоатацијата на добри резултати на почетокот на сезоната, сега му приоѓа одличната Парма, додека големо изненадување предизвикува новопромовираната Верона,[93] која го затвори овој дел од првенството пред разочарувањата Милан и Наполи. Сампдорија постепено се крева по доаѓањето на новиот тренер Клаудио Раниери и излегува од зоната за испаѓање[94] каде што ќе се најдат сограѓаните од Џенова, завршувајќи го првиот дел од првенството со само еден бод зад Лече и со ист број на бодови колку и Бреша, додека пак залепен на самото дно од табелата завршил СПАЛ.

Втор дел од сезоната (Риторно)

На почетокот на вториот дел од првенство приметно е успорување на Јувентус и Интер:[95] бјанконерите, кои првично се чинело дека ќе можат да ги искористат многуте нерешени исходи на своите соперници, паѓаат двапати по ред надвор од дома против Наполи и Верона[96] сепак се и понатаму на врвот од табелата но веднаш до нив остануваат залепени нероаѕурите, по победничкиот кам-бекот во миланското дерби.[97] Зад екипите од Торино и Милано, Лацио продолжува да постигнува поволни резултати, сега веќе е целосно вклучен во борбата за шампионската титула.[98] Во меѓувреме, Рома ја губи сигурноста, и забележува силен пад по добриот крај на 2019 година,[99] а Торино пак, паднат во резултатска криза, го отпушта тренерот Валтер Мацари и на негово место го назначува Морено Лонго.[100] Во 24-тото коло, Лацио го победил Интер во директен натпревар на Олимпико и ги легитимизира своите амбиции за титулата, прескокнувајќи ги нероаѕурите на табелата и стигајќи на само еден бод помалку од Јувентус, уште еднаш осамените водачи;[101] во истото коло, Аталанта ја надминала Рома, стигајќи до четвртото место, последното, во трката за Лигата на шампионите.[102]

Во меѓувреме, Италија, како и остатокот од светот, требала да се справува со неконтролираната Пандемија на COVID-19: особено, избувнувањето на епидемијата во Северна Италија довело до одложување на голем број натпревари од 25-тото и 26-тото коло, вклучувајќи го и големиот натпревар Јувентус-Интер.[103][104] Последователно, со влошувањето на ситуацијата со пандемијата, федерацијата, признавајќи ги владините одредби за заштита на јавната безбедност, донела одлука за одржување на натпревари зад затворени врати за сите натпревари организирани од Лега Серија А до 3 април 2020 година;[105] така, по одигрувањето на заостанатите натпревари од 26-тото коло, Јувентус го совладал Интер во Дербито на Италија и го задржал врвот на табелата со бод повеќе од Лацио.[106]

Thumb
Чиро Имобиле, напаѓачот на Лацио, бил најдобар стрелец за сезоната со 36 гола со кој го изедначил рекордот поставен од Гонсало Игуаин во сезоната 2015-2016.[107]

На 9 март по одредбите издадени од владата на чело со премиерот Џузепе Конте во врска со сè поголемиот број заразени случаи со COVID-19, што резултирало со драстична мерки и национален карантин, следниот ден федерацијата ги суспендирала сите фудбалски натпреварувања во земјата:[108] историска одлука во италијанскиот фудбал, која дотогаш се случила само еднаш, за време на сезоната 1914-1915 кога првенството било прекинато поради Првата светска војна.[109] Откако суспензијата била продолжена неколкупати,[110][111] што траело повеќе од три и пол месеци, конечно била донесена одлука Серија А да се рестартира на 20 јуни 2020 година.[112] По рестартот, Јувентус забележал серија од четири последователни победи, искористувајќи ги во исто време наизменичните резултати на Лацио и Интер, поставувајќи добра разлика помеѓу нив и нивните гонители.[113] Меѓу екипите во подобра форма во ова финале на првенството, кое траело кон средината на летото, се Аталанта која со серија победи се замешува во борбата за титулата,[114] и Милан кој покажува сè поголем континуитет во резултатите.[115]

Токму против росонерите, дошло до прекин на серијата победи на Јувентус кој почнува да страда од повреди и непостојанството во перформансите на некои играчи, диктирано од долгата сезона, сепак неговите директни соперници не изгледаат како подобра „верзија“, така што никој од нив не е во можност да го искористи тоа: падот на Лацио сега е сосема јасно видлив, а Интер и Аталанта само делумно го скратуваат растојанието од врвот.[116] Во следните недели, играчите на Сари, и покрај тоа што наишле на потешкотии на гостувањата во Реџо Емилија и Удине (од каде во тие два натпревари освоиле само бод од можни шест), во јули дефинитивно ја зациментирале првата позиција благодарение на резултатите од директните судири на нивниот стадион против Аталанта[117] и Лацио.[118] Во меѓувреме, на другата страна на пласманот, на четири кола од крајот доаѓа испаѓањето на демотивираниот СПАЛ,[119] додека во следната рунда истото и се случува и на Бреша.[120]

На 26 јули 2020 година, благодарение на победата од 2-0 на домашен терен над Сампдорија, Јувентус го освоил скудетото на две кола до крајот, 36-то во својата клупска историја и 9-то во низа во последователниот циклус што започнал во сезоната 2011-2012.[121] Во последното коло Интер го освоил второто место, победувајќи ја Аталанта во гости во директниот натпревар за втората позиција одигран во Бергамо, и со тоа го забележале нивниот најдобар првенствен пласман од девет години наваму.[122] Заедно со Јувентус и Интер, во групната фаза за Лигата на шампиони за следната сезона се квалификувала и Аталанта, повторувајќи го своето трето место од претходната сезона, и Лацио,[123] кој завршил четврти, но можеле да ја прослават победата капоканониере на нивниот напаѓач Чиро Имобиле, кој со 36 гола го изедначил рекордот за постигнати голови во една сезона во Серија А.[107] Рома и Наполи се квалификувале во групната фаза од Лига Европа, додека Милан треба прво да го мине второто квалификациско коло.[123] Последното коло од сезоната исто така го дало последниот испаднат клуб во Серија Б, Лече, кој се вратил во овој ранг на натпреварување по само една година, што пак значело опстанок во Серија А за Џенова.[124]

Remove ads

Екипи

Екипи по региони

Стадионите на екипите и нивните локации

Повеќе информации Екипа, Град ...

Личности и спонзори

Повеќе информации Екипа, Тренер ...

Тренерски промени

Повеќе информации Екипа, Тренер кој заминал ...
Remove ads

Завршна табела

Повеќе информации Поз., Екипа ...

Легенда:

      Шампион на Италија и се квалификува за групната фаза на УЕФА Лига на шампиони 2020-2021.
      Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лига на шампиони 2020-2021.
      Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лига Европа 2020-2021.
      Се квалификува за второто коло од квалификациите за УЕФА Лига Европа 2020-2021.
      Испаѓа во Серија Б 2020-2021.

Нотес:

Три бода за победа, еден за нерешено, нула за пораз.
Во случај на еднаков број на бодови помеѓу две или повеќе екипи, позицијата на табелата на екипата ќе биде одредена по следниве критериуми:
  • Освоени бодови во меѓусебните двобои
  • Гол-разлика во меѓусебните двобои
  • Вкупна гол-разлика
  • Вкупен број на постигнати голови
  • Ждрепка

Пласман

  • 36-то Скудето Јувентус Јувентус Шампион на Италија 2019-2020 (36. титула)
  • Наполи Наполи Освојувач на Купот на Италија
  • Јувентус Јувентус, Интер Интер, Аталанта Аталанта и Лацио Лацио се квалификувале за групната фаза на Лигата на шампионите 2020-2021.
  • Наполи Наполи и Рома Рома се квалификувале за групната фаза на Лига Европа 2020-2021; Милан Милан се квалификувал за второто коло од квалификациите за Лига Европа 2020-2021.
  • Лече Лече, Бреша Бреша и СПАЛ СПАЛ испаднале во Серија Б 2020-2021.

Шампионскиот тим

Повеќе информации Почетна постава4-3-3 формација ...

Останати играчи: Гонсало Игуаин (32), Адријан Рабио (28), Арон Рамзи (24), Даглас Коста (23), Данило (22), Сами Хедира (12), Даниеле Ругани (10), Џанлујџи Буфон (9), Матија Де Шиљо (9), Емре Џан (8), Мерих Демирал (6), Џорџо Кјелини (4), Симоне Мураторе (4), Марко Оливиери (3), Лука Ѕанимакија (2), Дауда Питерс (1), Карло Пинсољо (1), Џанлука Фработа (1), Џакомо Вриони (1).

Remove ads

Резултати

Табеларен приказ

Читањето хоризонтално ни ги покажува резултати на домашен терен на наведената екипа од првата колона, а читањето вертикално ни ги покажува резултатите во гости на наведената екипата од првиот ред.

Последно ажуриање: 6 август 2020.

Повеќе информации АТА, БОЛ ...

Календар

Календарот бил извлечен на 29 јули 2019 година во Милано.[164][165]

Андата (1. коло) 1. коло Риторно (20. коло)
25 авг.0-1Каљари-Бреша2-219 јан.
24 авг.3-4Фјорентина-Наполи2-018 јан.
26 авг.4-0Интер-Лече1-119 јан.
24 авг.0-1Парма-Јувентус1-2
25 авг.3-3Рома-Џенова3-1
0-3Сампдорија-Лацио1-518 јан.
2-3СПАЛ-Аталанта2-120 јан.
2-1Торино-Сасуоло1-218 јан.
1-0Удинезе-Милан2-319 јан.
1-1Верона-Болоња1-1
Андата (2. коло) 2. коло Риторно (21. коло)
1 сеп.2-3Аталанта-Торино7-025 јан.
30 авг.1-0Болоња-СПАЛ3-1
1 сеп.1-2Каљари-Интер1-126 јан.
2-1Џенова-Фјорентина0-025 јан.
31 авг.4-3Јувентус-Наполи1-226 јан.
1 сеп.1-1Лацио-Рома1-1
0-1Лече-Верона0-3
31 авг.1-0Милан-Бреша1-024 јан.
1 сеп.4-1Сасуоло-Сампдорија0-026 јан.
1-3Удинезе-Парма0-2


Андата (3. коло) 3. коло Риторно (22. коло)
15 сеп.3-4Бреша-Болоња1-21 фев.
14 сеп.0-0Фјорентина-Јувентус0-32 фев.
15 сеп.1-2Џенова-Аталанта2-2
14 сеп.1-0Интер-Удинезе2-0
2-0Наполи-Сампдорија4-23 фев.
15 сеп.1-3Парма-Каљари2-21 фев.
4-2Рома-Сасуоло2-4
2-1СПАЛ-Лацио1-52 фев.
16 сеп.1-2Торино-Лече0-4
15 сеп.0-1Верона-Милан1-1
Андата (4. коло) 4. коло Риторно (23. коло)
22 сеп.2-2Аталанта-Фјорентина2-18 фев.
1-2Болоња-Рома3-27 фев.
20 сеп.3-1Каљари-Џенова0-19 фев.
21 сеп.2-1Јувентус-Верона1-28 фев.
22 сеп.2-0Лацио-Парма1-09 фев.
1-4Лече-Наполи3-2
21 сеп.0-2Милан-Интер2-4
22 сеп.1-0Сампдорија-Торино3-18 фев.
3-0Сасуоло-СПАЛ2-19 фев.
21 сеп.0-1Удинезе-Бреша1-1


Андата (5. коло) 5. коло Риторно (24. коло)
24 сеп.1-2Бреша-Јувентус0-216 фев.
25 сеп.2-1Фјорентина-Сампдорија5-1
0-0Џенова-Болоња3-015 фев.
1-0Интер-Лацио1-216 фев.
0-1Наполи-Каљари1-0
1-0Парма-Сасуоло1-0
0-2Рома-Аталанта1-215 фев.
1-3СПАЛ-Лече1-2
26 сеп.2-1Торино-Милан0-117 фев.
24 сеп.0-0Верона-Удинезе0-016 фев.
Андата (6. коло) 6. коло Риторно (25. коло)
29 сеп.1-1Каљари-Верона1-220 јун.
28 сеп.2-0Јувентус-СПАЛ2-122 фев.
29 сеп.4-0Лацио-Џенова3-223 фев.
0-1Лече-Рома0-4
1-3Милан-Фјорентина1-122 фев.
2-1Наполи-Бреша2-121 фев.
30 сеп.3-2Парма-Торино1-120 јун.
28 сеп.1-3Сампдорија-Интер1-221 јун.
1-4Сасуоло-Аталанта1-4
29 сеп.1-0Удинезе-Болоња1-122 фев.


Андата (7. коло) 7. коло Риторно (26. коло)
6 окт.3-1Аталанта-Лече7-21 мар.
2-2Болоња-Лацио0-229 фев.
18 дек.0-2Бреша-Сасуоло0-39 мар.
6 окт.1-0Фјорентина-Удинезе0-08 мар.
5 окт.1-2Џенова-Милан2-1
6 окт.1-2Интер-Јувентус0-2
1-1Рома-Каљари4-31 мар.
5 окт.1-0СПАЛ-Парма1-08 мар.
6 окт.0-0Торино-Наполи1-229 фев.
5 окт.2-0Верона-Сампдорија1-28 мар.
Андата (8. коло) 8. коло Риторно (27. коло)
21 окт.0-0Бреша-Фјорентина1-122 јун.
20 окт.2-0Каљари-СПАЛ1-023 јун.
19 окт.2-1Јувентус-Болоња2-022 јун.
3-3Лацио-Аталанта2-324 јун.
20 окт.2-2Милан-Лече4-122 јун.
19 окт.2-0Наполи-Верона2-023 јун.
20 окт.5-1Парма-Џенова4-1
0-0Сампдорија-Рома1-224 јун.
3-4Сасуоло-Интер3-3
1-0Удинезе-Торино0-123 јун.


Андата (9. коло) 9. коло Риторно (28. коло)
27 окт.7-1Аталанта-Удинезе3-228 јун.
2-1Болоња-Сампдорија2-1
1-2Фјорентина-Лацио1-227 јун.
26 окт.3-1Џенова-Бреша2-2
2-2Интер-Парма2-128 јун.
1-1Лече-Јувентус0-426 јун.
27 окт.2-1Рома-Милан0-228 јун.
1-1СПАЛ-Наполи1-3
1-1Торино-Каљари2-427 јун.
25 окт.0-1Верона-Сасуоло3-328 јун.
Андата (10. коло) 10. коло Риторно (29. коло)
29 окт.1-2Бреша-Интер0-61 јул.
30 окт.3-2Каљари-Болоња1-1
2-1Јувентус-Џеноа3-130 јун.
4-0Лацио-Торино2-1
31 окт.1-0Милан-СПАЛ2-21 јул.
30 окт.2-2Наполи-Аталанта0-22 јул.
29 окт.0-1Парма-Верона2-31 јул.
30 окт.1-1Сампдорија-Лече2-1
1-2Сасуоло-Фјорентина3-1
0-4Удинезе-Рома2-02 јул.


Андата (11. коло) 11. коло Риторно (30. коло)
3 ное.0-2Аталанта-Каљари1-05 јул.
2 ное.1-2Болоња-Интер2-1
3 ное.1-1Фјорентина-Парма2-1
1-3Џенова-Удинезе2-2
2-2Лече-Сасуоло2-44 јул.
1-2Милан-Лацио3-0
2 ное.2-1Рома-Наполи1-25 јул.
4 ное.0-1СПАЛ-Сампдорија0-3
2 ное.0-1Торино-Јувентус1-44 јул.
3 ное.2-1Верона-Бреша0-25 јул.
Андата (12. коло) 12. коло Риторно (31. коло)
9 ное.0-4Бреша-Торино1-38 јул.
10 ное.5-2Каљари-Фјорентина0-0
9 ное.2-1Интер-Верона2-29 јул.
10 ное.1-0Јувентус-Милан2-47 јул.
4-2Лацио-Лече1-2
9 ное.0-0Наполи-Џенова2-18 јул.
10 ное.2-0Парма-Рома1-2
0-0Сампдорија-Аталанта0-2
8 ное.3-1Сасуоло-Болоња2-1
10 ное.0-0Удинезе-СПАЛ3-09 јул.


Андата (13. коло) 13. коло Риторно (32. коло)
23 ное.1-3Аталанта-Јувентус2-211 јул.
24 ное.2-2Болоња-Парма2-212 јул.
25 ное.2-2Лече-Каљари0-0
23 ное.1-1Милан-Наполи2-2
24 ное.3-0Рома-Бреша3-011 јул.
2-1Сампдорија-Удинезе3-112 јул.
1-2Сасуоло-Лацио2-111 јул.
25 ное.1-1СПАЛ-Џенова0-212 јул.
23 ное.0-3Торино-Интер1-313 јул.
24 ное.1-0Верона-Фјорентина1-112 јул.
Андата (14. коло) 14. коло Риторно (33. коло)
30 ное.0-3Бреша-Аталанта2-614 јул.
2 дек.4-3Каљари-Сампдорија0-315 јул.
30 ное.0-1Фјорентина-Лече3-1
0-1Џенова-Торино0-316 јул.
1 дек.2-1Интер-СПАЛ4-0
2-2Јувентус-Сасуоло3-315 јул.
3-0Лацио-Удинезе0-0
1-2Наполи-Болоња1-1
0-1Парма-Милан1-3
1-3Верона-Рома1-2


Андата (15. коло) 15. коло Риторно (34. коло)
7 дек.3-2Аталанта-Верона1-118 јул.
8 дек.2-3Болоња-Милан1-5
6 дек.0-0Интер-Рома2-219 јул.
7 дек.3-1Лацио-Јувентус1-220 јул.
8 дек.2-2Лече-Џенова1-219 јул.
0-1Сампдорија-Парма3-2
2-2Сасуоло-Каљари1-118 јул.
0-1СПАЛ-Бреша1-219 јул.
2-1Торино-Фјорентина0-2
7 дек.1-1Удинезе-Наполи1-2
Андата (16. коло) 16. коло Риторно (35. коло)
15 дек.2-1Болоња-Аталанта0-121 јул.
14 дек.3-0Бреша-Лече1-322 јул.
16 дек.1-2Каљари-Лацио1-223 јул.
15 дек.1-1Фјорентина-Интер0-022 јул.
14 dic.0-1Џенова-Сампдорија2-1
15 дек.3-1Јувентус-Удинезе1-223 јул.
0-0Милан-Сасуоло2-121 јул.
14 дек.1-2Наполи-Парма1-222 јул.
15 дек.3-1Рома-СПАЛ6-1
3-3Верона-Торино1-1


Андата (17. коло) 17. коло Риторно (36. коло)
22 дек.5-0Аталанта-Милан1-124 јул.
20 дек.1-4Фјорентина-Рома1-226 јул.
21 дек.4-0Интер-Џенова3-025 јул.
5 фев.0-0Лацио-Верона5-126 јул.
22 дек.2-3Лече-Болоња2-3
1-1Парма-Бреша2-125 јул.
18 дек.1-2Сампдорија-Јувентус0-226 јул.
22 дек.1-2Сасуоло-Наполи0-225 јул.
21 дек.1-2Торино-СПАЛ1-126 јул.
2-1Удинезе-Каљари1-0
Андата (18. коло) 18. коло Риторно (37. коло)
6 јан.5-0Аталанта-Парма2-128 јул.
1-1Болоња-Фјорентина0-429 јул.
5 јан.1-2Бреша-Лацио0-2
2-1Џенова-Сасуоло0-5
6 јан.4-0Јувентус-Каљари0-2
0-1Лече-Удинезе2-1
0-0Милан-Сампдорија4-1
1-3Наполи-Интер0-228 јул.
5 јан.0-2Рома-Торино3-229 јул.
0-2СПАЛ-Верона0-3


Андата (19. коло) 19. коло Риторно (38. коло)
11 јан.0-2Каљари-Милан0-31 авг.
12 јан.1-0Фјорентина-СПАЛ3-12 авг.
11 јан.1-1Интер-Аталанта2-01 авг.
1-0Лацио-Наполи1-3
13 јан.2-0Парма-Лече4-32 авг.
12 јан.1-2Рома-Јувентус3-11 авг.
5-1Сампдорија-Бреша1-1
1-0Торино-Болоња1-12 авг.
3-0Удинезе-Сасуоло1-0
2-1Верона-Џенова0-3
Remove ads

Статистика

Екипна

Лидери на табелата

Повеќе информации Интер, Јувентус ...

Создавање на пласманот

Повеќе информации 1ª, 2ª ...

Освоени бодови во сооднос

Сооднос андата-риторно
Андата Риторно
Јувентус48Аталанта43
Интер46Милан41
Лацио43Наполи38
Аталанта35Интер36
Рома35Јувентус35
Каљари29Лацио35
Парма28Рома35
Торино27Сасуоло32
Верона26Фјорентина28
Милан25Џенова25
Наполи24Болоња24
Удинезе24Сампдорија23
Болоња23Верона23
Фјорентина21Парма21
Сасуоло19Удинезе21
Сампдорија19Лече20
Лече15Каљари16
Џенова14Торино13
Бреша14Бреша11
СПАЛ12СПАЛ8
Сооднос дома-гости
Дома Гости
Јувентус50Интер43
Лацио45Аталанта40
Интер39Рома36
Аталанта38Јувентус33
Рома34Лацио33
Милан33Милан33
Наполи33Наполи29
Верона32Фјорентина26
Сасуоло27Парма26
Каљари25Болоња24
Торино25Сасуоло24
Удинезе24Удинезе21
Болоња23Каљари20
Фјорентина23Сампдорија20
Парма23Лече18
Џенова22Џенова17
Самдорија22Верона17
Лече17Торино15
Бреша14Бреша11
СПАЛ10СПАЛ10

Поединечна

Список на стрелци

Повеќе информации Гол, Пенали ...

Играчи со најмногу асистенции

Thumb
Алехандро Гомес од Аталанта, со 16 асистенции бил најдобар асистент во лигата.

Најмногу суви мрежи

Thumb
Хуан Мусо, меѓу голманите бил оној кој во најмногу натпревари не примил гол, вкупно 14.
Повеќе информации Поз., Играч ...

Факти и бројки

  • Екипа со најмногу победи: Јувентус (26)
  • Екипа со најмногу нерешени: Фјорентина и Верона (13)
  • Екипа со најмногу порази: СПАЛ (28)
  • Екипа со најмалку победи: СПАЛ (5)
  • Екипа со најмалку нерешени: Јувентус и СПАЛ (5)
  • Екипа со најмалку порази: Интер (4)
  • Екипа со најдобар напад: Аталанта (98 постигнати гола)
  • Екипа со најслаб напад: СПАЛ (27 постигнати гола)
  • Екипа со најдобра одбрана: Интер (36 примени гола)
  • Екипа со најслаба одбрана: Лече (85 примени гола)
  • Екипа со најдобра гол-разлика: Аталанта (+50)
  • Екипа со најлоша гол-разлика: СПАЛ (−50)
  • Екипа со најдобра позитивна серија: Лацио (21 натпревар без пораз, 6-то - 26-то коло)
  • Екипа со најголем број на порази во серија: Бреша (6 порази по ред, 9-то - 14-то коло), Лече (6 порази по ред, 25-то - 30-то коло), СПАЛ (6 порази по ред, 30-то - 35-то коло)
  • Екипа со најголем број на победи во серија: Лацио (11 победи по ред, 9-то - 19-то коло)
  • Натпревари со најмногу голови: Лече-Аталанта 2-7 (9)
  • Победа со наголема разлика: Торино-Аталанта 0-7 (7)
  • Нерешено со најмногу голови: Рома-Џенова 3-3 (1. коло), Лацио-Аталанта 3-3 (8. коло), Верона-Торино 3-3 (16. коло), Интер-Сасуоло 3-3 (27. коло), Сасуоло-Верона 3-3 (28. коло) и Сасуоло-Јувентус 3-3 (33. коло) (6)
  • Коло со најголем број на голови: 40 (22. и 28. коло)
  • Коло со најмал број на голови: 18 (5. коло)
  • Коло со најголем број на црвени картони: 7 (7. коло)
Remove ads

Награди

Месечни награди

Thumb
Пауло Дибала од Јувентус бил избран за играч на месецот јули, а подоцна ја понел и наградата за најдобар играч во Серија А за сезоната 2019-2020.

[168]

Повеќе информации Месец, Играч ...

Годишни награди

[169][170]

Повеќе информации Награда, Играч ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads