Валентина Стевановска

From Wikipedia, the free encyclopedia

Валентина Стевановска
Remove ads

Валентина Каранфилова-Стевановска (родена на 30 април 1969) е македонска скулпторка, најпозната по своите уметнички дела за проектот Скопје 2014. Таа е авторка на неколку значајни споменици и дела во главниот град на Македонија, вклучувајќи ги Фонтаната на Александар Македонски, Порта Македонија и Фонтаната на Филип II Македонски. Стевановска исто така учествувала на бројни домашни и меѓународни изложби и освоила повеќе награди.[1][2]

Кратки факти Валентина Стевановска, Роден(а) ...
Remove ads

Биографија

Стевановска дипломирала на одделот за скулптура на Факултетот за ликовни уметности во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во 2004 година. Во 2008 година ги завршила своите магистерски студии на истиот факултет. Во 2017 година докторирала во областа на ликовните уметности на Интернационалениот Универзитет во Нови Пазар во Србија. Валентина е професорка на Факултетот за ликовни уметности во Скопје од 2010 година. Исто така е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија од 2004 година.[3][4]

Remove ads

Фонтана на Александар Македонски

Thumb
Стевановска ја обликува главата на Александар Македонски

Фонтаната на Александар Македонски е висока 30 метри што ја прави највисоката фонтанa во светот, која се состои од споменик на коњаник кој што е изработен од бронза. Таа се наоѓа во центарот на Плоштад Македонија во Скопје и беше откриена на 8 септември 2011 година, на 20-ата годишнина од референдумот за независност на Македонија од Југославија. Целата уметничка композиција се состои од: статуа на коњаник со Александар III Македонски со висина од 14,5 метри, 8 статуи на лавови во природна големина, 8 воини од македонската фаланга, мозаик и 3 високи релјефи кои ги прикажуваат најголемите битки што ги извојувал Александар Македонски. Сите статуи на фонтаната биле излеани во бронза од страна на уметничката леарница „Фернандо Маринели“ во Фиренца, Италија.[5][6][7]

Remove ads

Листа на уметнички дела

  1. Споменик на Авдолеон (Крал на Пајонија, 315 - 275/4 п.н.е.)
  2. Споменик на Јулија Тертила (угледна граѓанка и добродетелка на Хераклеја Линкестис, 2 век н.е.)
  3. Споменик на Будиј (Будиос) (присутник на Првиот вселенски собор и епископ на Стоби, прва половина на IV век)
  4. Споменик на Аврелиј Кратет Птолемеев (лихнидски интелектуалец, III век.)
  5. Споменик на Тит Флавиј Орест (угледен граѓанин и првосвештеник на Хераклеја Линкестис, II-III век.)
  6. Споменик на Публиј Септиј Николај (угледен граѓанин на Стоби, III век.)
  7. Споменик на Дионизиј (прв епископ на Лихнид, 343 година 4 век.)[11]
Remove ads

Уметничка галерија

Remove ads

Изложби

Поединечни изложби

  • 2008 - „60-та годишнина на гонењето на децата-бегалци од Егејска Македонија“, Изложбена сала во „Борис Трајковски“, Скопје, Македонија
  • 2008 - Културно-информативен центар, Скопје, Македонија
  • 2015 - Културно-информативен центар, Скопје, Македонија
  • 2015 - Културен центар, Бихаќ, Босна и Херцеговина
  • 2015 - Уметничка сала, Велес, Македонија
  • 2015 - Дом на културата, Делчево, Македонија
  • 2015 - Галерија „Роман Петровиќ“, Сараево, Босна и Херцеговина
  • 2015 - Дом на културата, Кочани, Македонија
  • 2016 - Музеј во Пријепоље, Пријепоље, Србија
  • 2016 - Галерија „Спирала“, Прибој, Србија
  • 2016 - Галерија „Борко Лазески“, Прилеп, Македонија
  • 2017 - Уметничка сала, Велес, Македонија[3]
  • 2017 - Галерија на Интернационалниот Универзитет, Нови Пазар, Србија
  • 2018 - Изложба „Балкански уметници“, Едирне, Турција
  • 2019 - „Ausstellung“, Галерија Keller, Цирих, Швајцарија[15]
  • 2022 - Галерија „Препород“, Сараево, Босна и Херцеговина
  • 2023 - Галерија „Дом на културата“, Зеница, Босна и Херцеговина

Групни изложби

  • 2004 - „Мојата порака“, Музеј на градот Скопје, Скопје, Македонија
  • 2004 - „Здружение на ликовни уметници на Македонија“, Музеј на градот Скопје, Скопје, Македонија
  • 2005 - „Строго забрането“, Музеј на градот Скопје, Скопје, Македонија
  • 2006 - „Здружение на ликовни уметници на Македонија“, Музеј на градот Скопје, Скопје, Македонија
  • 2009 - „Мала форма“, Културно-информативен центар, Скопје, Македонија
  • 2010 - „Загоричански средби“, Мала станица, Скопје, Македонија
  • 2012 - Првата изложба во Порта Македонија во рамките на настанот „Бела ноќ“, Скопје, Македонија
  • 2012 - Првиот самит „Македонија 2025“, Охрид, Македонија
  • 2013 - ДЛУМ „Експериментален цртање“, Скопје, Македонија
  • 2013 - ДЛУМ „Минијатура“, Скопје, Македонија
  • 2014 - Меѓународна изложба „Мост“, Културно-информативен центар, Скопје, Македонија
  • 2014 - Уметничка галерија, Велес, Македонија
  • 2014 - Дом на културата, Кавадарци, Македонија
  • 2014 - Дом на културата, Неготино, Македонија
  • 2015 - Годишна изложба, „Здружение на ликовни уметници на Македонија“, Мала станица, Скопје, Македонија
  • 2015 - Изложба за децата од центарот „ДУГА“, Бихаќ, Босна и Херцеговина[3]
  • 2017 - Турско-македонска изложба „Уметнички изрази“, Музеј во Битола, Битола, Македонија
  • 2017 - „Das Labyrinth der Freiheit“, H. ART / DAVOS / Лавиринт на слободата, Давос, Швајцарија[16]
  • 2018 - Комплексот на Музејот за здравство на султан Баезид II, Универзитетот Тракја, Едирне, Турција
  • 2018 - Факултетот за уметности, Универзитетот Тракја, Едирне, Турција
  • 2018 - Споменик „Europa Srodkowo – Wschodnia 1918-2018“, Национален музеј во Варшава, Варшава, Полска[17]
  • 2018 - VIII Меѓународен симпозиум за керамика, Кочаели, Турција
  • 2021 - Галерија MC, Њујорк, САД
  • 2023 - Меѓународна уметничка колонија Почитељ, Мостар, Босна и Херцеговина
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads