Увеа (Валис и Футуна)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Увеа (Валис и Футуна)map
Remove ads

Увеа (увеански: ʻUvea) или познат и како Валисов Остров или само Валис (француски: Wallis) — еден од трите големи острови на француската територија Валис и Футуна. Увеа е дел од Полинезија, островска група во Океанија. Увеа се наоѓа северно од Тонга, североисточно од Фиџи, источно од Ротума (Фиџи), југоисточно од Тувалу, југозападно од Токелау и западно од Самоа. Островот има површина од околу 100 км2 и население од околу 11.000 жители. Главен град на Увеа е Мата-Уту. Најголем јазик на островот е увеански јазик, а главна религија е христијанството (римокатолицизмот). Увеа е вулкански остров со плодна почва и има неколку езерца. Највисока точна на островот е планината Лока со 131 метар надморска височина. Островот е дел од традиционалното кралство со исто име.

Thumb
Карта на Увеа.
Thumb
Лалолало
За истоименото традиционално кралство видете Кралство Увеа.
Кратки факти Кралство Увеа Puleʻaga Hau ʻo ʻUvea, Најголем град ...
Remove ads

Географија

Вкупната површина на островот е 77,5 км2 и пречник на островот е околу 50 км. Највисока точка на островот е планината Лока со 131 метар. Островот е со вулканско потекло и поради тоа има повеќе езерца на островот, како што е на пример езерото Лалолало.

Увеа е оддалечен 240 км од Футуна и Алофи. Околу островот има 15 мали островчиња кои формираат корален гребен околу островот.

Административна поделба

Увеа е поделен на три округа. Од север кон југ тие се:

  • Хихифо: опфаќа пет села, Ваилала, Туфуоне, Ваитупу, Малае и Алеле.
  • Хахаке : опфаќа шест села, Лику, Акаака, Мата-Уту, Ахоа, Фалалеу и Хафуасиа.
  • Муа : опфаќа десет села, Лавегаху, Тепа, Гахи, Хатофо, Малаефоу, Колопо, Халало, Утуфуа, Ваималау и Теси.
Повеќе информации округ („значење“), адм. центар ...
Remove ads

Демографија

Според податоците од 2003 година, Увеа имал население од 10.071 жители, односно 67% од вкупното население на Валис и Футуна. Најголем јазик, а воедно и автохтон, е увеански јазик.

Транспорт

Летови на островот врши само новокаледониската компанија Aircalin. Постои и поморски сообраќај со околните острови.

Образование

На островот има околу 12 основни училишта,[1] четири средни училишта и едно вишо средно.[2]

Поврзано

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads