Галоромански јазици
гранка на романските јазици From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Галороманските јазици се гранка на романското јазично семејство во која влегува францускиот и другите оилски наречја, окситанскиот, каталонскиот, франкопривансалскиот, галоиталските говори[1] и други јазици (социолекти).
Remove ads
Други можни класификации
Некои стручњаци го ставаат каталонскиот[2] заедно со окситанскиот во подгрупата на окситанскоромански јазици.[3]
Историска распределба
Во минатото, разните галоромански јазици се говореле ширум Франција (со исклучок некои периферни подрачја),[4] во регионите Валонија во Белгија и Романдија во Швајцарија, на Каналските Острови, во делови од шпанските Пиринеи и во северна Италија.[5]
Денес, во ова поголемо географско подрачје предоминира само еден галоромански јазик (францускиот) (вклучувајќи ги и поранешните неромански јазични подрачја во Франција), кој воедно се има проширено и во разни прекуморски земји. Друг јазик од оваа група (франкопровансалскиот) сè уште е застапен во автономниот регион Аостинска Долина (Италија). На Каналските Острови денес се говори претежно англискиот, кој е јазик од германското семејство.
Remove ads
Надворешни врски
- Галоромански јазици - Ethnologue (англиски)
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads