Ван (Франција)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ван (француски: Vannes, бретонски: Gwened) – општина во департманот Морбијан во регионот Бретања, на северозапад на Франција. Формиран е пред преку 2000 години.[1]
Remove ads
Географија
Ван е сместен во Заливот Морбијан, во устието на двете реки, Марла и Венсен. Се наоѓа на околу 100 км северозападно од Нант и 450 км југозападно од Париз.
Историја
Името „Ван“ доаѓа од Венети, поморски келтски народ кој пред римските инвазии живеел југозападно од Арморика во Галија. Се чини дека регионот со илјадници години бил трговска раскрсница при што веројатно се користеле чамци.[2] Дел од оваа трговија била и пченицата која очигледно се одгледувала на Средниот Исток.[3] Евиденцијата (како гало-белгиски монети) на оваа трговија е драматично зголемена околу 150 г.п.н.е.[3]
Венетите биле поразени од флотата на Јулиј Цезар во 56 г.п.н.е. пред Локмаријаке. Многу Венети или биле заклани или биле продадени како робови. Римјаните воспоставиле град кого го нарекле Дариоритум на местото кое претходно им припаѓало на Венетите. Од 5 до 7 век, преостанатите Гали биле преселени или асимилирани од брановите Брити кои бегале пред саксонското освојување на Британија. Ванската диоцеза била основана во 5 век, а Ванскиот совет се одржал во 461 година. Кралството времено го анектирало Корнуај на почетокот на 6 век, но за постојано бил присоединет кон Домнонија околу 635 година.
Во 1342 година, Ван четирипати бил опсаден од силите од двете страни во Бретањската војна за наследство. Командирот на одбраната на градот Оливје де Клисон IV бил заробен од Англичаните, но на крајот бил ослободен. Французите го егзекутирале сомневајќи се дека откупнината е многу ниска, па можно е тој да бил предавникот.
Во 1795 година, за време на Француската револуција, француските трупи стационирани во Ван, успешно ја спречиле планираната британско-ројалистичка инвазија.
Remove ads
Население
1911 | 1936 | 1954 | 1962 | 1968 | 1975 | 1982 | 1990 | 1999 | 2008 | 2012 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
23.748 | 24.068 | 25.089 | 30.411 | 36.576 | 40.359 | 42.178 | 45.644 | 51.759 | 52.983 | 52.648 |
Бретонски јазик
Во 2007 година општината донела план за промоција на бретонскиот јазик. Во 2008 година 7,71% од децата во примарните училишта посетувале двојазична настава.[4]
Споменици и знаменитости


- Готска катедрала Сен Пјер
- Класична црква Св. Патерн
- Барокна црква Сен Ив
- Замок Гајар (средновековна куќа која денес е археолошки музеј)
- Општинската зграда
- Ѕидините на стариот гради кои ги опфаќаат:
- Капетанската кула (голема средновековна кула)
- Замокот на Ермина (поранешен замок, трансформиран во палата во 17 век)
- Порта Калмон, средновековна градска порта
- Порта Призон, средновековна градска порта
- Порта Потерн, средновековна градска порта
- Порта Сен Жан, средновековна градска порта
- Бројни фахверк-куќи во стариот град
Remove ads
Збратимени градови
Ван е збратимен со:
Белгија, Монс, (од 1952 година)
Германија, Куксхафен, (од 1963 година)
Обединето Кралство Ферхем, (од 1967 година)[5]
Галерија
- Панорама на стариот град
- Во центарот на стариот град
- Старите пералници
- Замокот на Ермина
- Ванска порта
- Градината на замокот на Ермина
- Улица во центарот на градот
- Ванска катедрала
- Камбанарија на црквата Св. Патерн
- Пристаништето под Портата Св. Венсен
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads