Нант
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Нант (француски: Nantes , бретонски: Naoned) — град во западна Франција, во регионот Лоарски Крај (департман Атлантска Лоара), сместен на реката Лоара, оддалечен 50 км од Атлантскиот Океан. Нант е едно од главните пристаништа во Франција.
Remove ads
Географија на Нант

- Нант е некогашна престолнина на Бретања. Градот се наоѓа на оддалеченост од околу 55 км од Атлантскиот Океан и е сместен на северниот дел од реката Лоара.
- Со околу 280.000, Нант е шестиот град по големина во Франција по бројот на жители. Во пошироката урбана зона живеат над 600.000 луѓе.
- Климата во Нант е под влијание на Атлантскиот Океан. Зимите се благи и врнежливи , додека летата топли но не премногу сушни.
Просечната температура изнесува околу 12 °C (зима: 5 °C, лето: 18,5 °C).
Remove ads
Нант како тема во уметноста
Во романот „Надја“, Андре Бретон пишува дека освен Париз, Нант е „единствениот град во Франција во кој, чинам, може да ми се случи нешто што вреди, нешто значајно...“[1]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads