Вардарија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вардарија — историско-географска област во Егејска Македонија, сместена по долното течение и делтата на реката Вардар, чие име го носи.

Областа се граничи на север со областа Бојмија, а на запад преку реката Колудеј (Лудијас) со областа Урумлак. Опфаќа 33 населени места на територијата на општините Делта, Илиџиево (Халкидона) и Даутбал (Ореокастро). Сè до 1912 г. Вардаријата имала претежно македонско население.[1]
Remove ads
Историја
Византиски период
Во византискиот период, Вардарија била тема во XI, XII и XIII век. Ги зафаќала териториите во долниот тек на реката Вардар. Се споменува како посебна воено-административна единица на чело со управник. Со Договорот склучен меѓу крстоносците и Венецијанците за поделба на Византија (март 1204 г.) било предвидено темата помеѓу себе да ја поделат крстоносците.[2][3]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads