Колудеј

From Wikipedia, the free encyclopedia

Колудеј
Remove ads

Колудеј (грчки: Λουδίας, Лудијас, турски: Karaazmak, Караазмак[1]) — река во Егејска Македонија, денес во Грција. Должината ѝ е 35 километра.

Thumb
Колудеј кај градот Пазар.
Thumb
извор
утока
Изворот и утоката на Колудеј во рамките на Егејска Македонија

Течение

Реката извира од планината Пајак. Минува низ градот Пазар (Ениџе Вардар), Солунското Поле и се влева со заедничката делта со Вардар и Бистрица во Солунскиот Залив. Во минатото, на Колудеј се наоѓало денес пресушеното Ениџевардарско Езеро. Во долното течение, реката образува граница меѓу општините Делта од североисток и Гида од југозапад.

Историја

Името Колудеј е замането со древното име „Лудија“ по потпаѓањето на Егејска Македонија под грчка власт во во 1913 г. согласно нивната политика за присвојување на древната македонска историја. Според Херодот, во антиката Лудија ја делела македонската област Ематија од грчка Беотија, а според Скилакс, таа е притока на друга река.

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads