Делта (општина)
општина во Солунскиот округ, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Делта (грчки: Δήμος Δέλτα, Димос Делта) — општина во рамките на Солунскиот округ во Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е гратчето Текелиево (Синдос). Општината опфаќа 9 населени места во областа Вардарија, а наречена е по делтата на Вардар, каде реката се влева во Солунскиот Залив.
Remove ads
Населени места
Општината Делта е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“[1] со спојување на три стари општини: Ехедор (Ехедорос), Вардар (Аксиос) и Кулакија (Халастра). „Ехедор“ е древно име на реката Галик, која ја дели истата делта.
Општинска единица Вардар

Општинската единица Вардар со седиште во Јунчии (Кимина) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Јунчии
 - село Јунчии (или Јунџулар; Κύμινα, Кимина)
 
 
- Општински оддел Кангалич
 - село Кангалич (или К’нглич, Кајали; Βραχιά, Врахија)
 
 
- Општински оддел Нов Малгад
 - село Нов Малград (Νέα Μάλγαρα, Неја Малгара) новосоздадено
 
 
Општинска единица Ехедор

Општинската единица Ехедор опфаќа четири населени места во областа Вардарија по долното течение на реката Галик, и го носи нејзиното древно име „Ехедор“. Административен центар е градот Текелиево (Синдос). Општинската единица Ехедор ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Текелиево
 - град Текелиево (Σίνδος, Синдос)
 
 
- Општински оддел Арапово
 - село Арапово или Арапли (Νέα Μαγνησία, Неја Магнизија)
 
 
- Општински оддел Гаскарка
 - село Гаскарка (Καλοχώρι, Калохори)
 
 
- Општински оддел Дудулари
 - село Додулари (Додулар, Дудулари; Διαβατά, Дијавата)
 
 
Општинска единица Кулакија

Општинската единица Кулакија со седиште во истоименото гратче Кулакија (Халастра) и, освен него, го опфаќа и селото Коњари (Анатолико или Валмада).
- Општински оддел Кулакија
 - град Кулакија (или Кулаќа; Χαλάστρα, Халастра)
 
 - Општински оддел Коњари
 - село Коњари (или Коњаре; Ανατολικό, Анатолико, порано и Валмада)
 
 
На територијата на општинската единица се наоѓале и некогашните села Долно Каваклиево и Чаликово.
Remove ads
Поранешни села
Покрај поранешното село Чаликово, на територијата на општината се наоѓале и некогашните села Колопанци, Лапра и Махмудово.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads

