Вартбург (округ)

округ во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia

Вартбург (округ)
Remove ads

Вартбург (германски: Wartburgkreis) — округ во западниот дел на Тирингија, Германија. Соседни окрузи се (од север надесно) Унштрут-Хајних, Гота, Шмалкалден-Мајнинген и окрузите Фулда, Херсфелд-Ротенбург и Вера-Мајснер во Хесен. Слободниот град Ајзенах е скоро целосно опкружен од округот.

Кратки факти ВартбургWartburgkreis, Земја ...
Remove ads

Историја

Округот бил создаден во 1994 со спојување на претходните окрузи Ајзенах и Бад Залцунген и неколку општини од округот Бад Лангензалца. Градот Ајзенах бил изземен од округот во 1998 и стана слободен град.

Округот е именуван по Вартбург, замок близу Ајзенах кој е познат како резиденција на Лудвиг, ландгроф на Тирингија и неговата жена, Света Елизабета од Унгарија и како место каде се засолнил Мартин Лутер во 1521.

Remove ads

Географија

Thumb
Приемната зграда на железничката станица Герстунген

Округот се наоѓа на подрачјето во Тириншката Шума, вклучувајќи го националниот парк Хајних. Главна река во округот е Вера.

Грб

Thumb Грбот комбинира симболи на историски држави кои постоеле на територијата. Во горниот лев дел и долниот десен дел е лавот на војводите од Тирингија, кокошката во горниот десен дел се однесува на грофовите Хенеберг и црниот крст во долниот лев дел е симбол на царската опатија и државата Фулда.

Градови и општини

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads