Калтенордхајм
град во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Калтенордхајм (германски: Kaltennordheim) — мал град во округот Шмалкалден-Мајнинген, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на подрачјето на планините Рен, 22 километри југозападно од Бад Залцунген и 35 километри источно од Фулда.
Градот претставува административно седиште на општинската заедница Хое Рен.
Remove ads
Географија

Калтенордхајм се наоѓа во југозападниот дел на Тирингија, во горниот тек на реката Фелда, во областа на биосферниот резерват Рен. Висината на општината се движи од 400 до 800 метри.
Соседни општини
Градот на север се граничи со општините Шлајд, Дермбах, Емпфертсхаузен и Визентал во округот Вартбург, на исток со општините Вазунген и Фриделсхаузен, на југоисток со општината Ренблик, на југ со општините Ербенхаузен и Обервајд и на запад со градот Тан (Рен) во Хесен. Местото Мелперс се смета за ексклава јужно од Ербенхаузен и непосредно со сојузната граница со Баварија.
Градски единици
Градот се дели на местата Анденхаузен, Ашенхаузен, Фишбах/Рен, Калтенленгсфелд, Калтенордхајм, Калтензундхајм, Калтенвестхајм, Клингс, Мелперс, Мителсдорф, Оберкац и Унтервајд.
Клима
Климата е релативно свежа.
Remove ads
Историја
Во рамките на Германското Царство (1871-1918), Калтенордхајм бил дел од Големото Војводство Саксо-Вајмар-Ајзенах.
Политика
Градски совет
Градскиот совет се состои од 20 избрани членови.
- CDU/Граѓани за Горен Рен: 5 места
- FWG Калтенленгсфелд: 1 место
- FWGF (Слободно изборно друштво Фишбах/Рен): 2 места
- FWG Клингс: 1 место
- Независни граѓани (UB): 5 места
- Спортско и стрелачко друштво: 1 место
- Изборно друштво „Хое Рен“: 5 места
(состојба: локални избори на 26 мај 2019 г.)[2]
Градоначалник
Градоначалник на Хицакер е Ерик Тирмер (CDU).
Збратимени градови
Калтенордхајм е збратимен со следниве градови:
Тан (Рен), Германија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads