Васил Дубров
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Васил Дубров (12 јануари 1912 во Ваташа — 1941 во Штип) — спортски работник, член на Соколското друштво од Кавадарци.[1]
Remove ads
Животопис
Потекнувал од имотно и угледно трговско семејство. Основното образование го завршил во Ваташа, а Граѓанска школа во Кавадарци. По нејзиното завршување заминал во Велес каде ги завршл петти и шести клас гимназија.[1] Тој бил еден од основачите на Соколското друштво во Кавадарци и еден од неговите најуспешни спортисти.[2] Во пролетта 1931 година на поединечното првенство на Скопска жупа (Вардарска бановина), во конкуренција на 11 соколски друштва од Македонија во дисциплината вежби на справи (вратило и разбој) и лесна атлетика ( трчање на 100 м., фрлање на копје и фрлање на ѓуле), Васил Дубров го освоил второто место.[3] Во летото 1932 година како најдобар натпреварувач на соколското друштво од Кавадарци, учествувал на големиот атлетски слет во Прага, каде се стекнал со големо натпреварувачко искуство, како и знаење за уште поголем развој на овој спорт во Кавадарци. Истата година во Гевгелија ги потврдил своите вредности во гимнастичките вештини и знаења.[1]
Од 1936 година Васил е наставник по физичко воспитување, а во исто време и началник на соколското друштво во Кавадарци. Непосредно пред војната во јануари 1941 година Васил Дубров со поголема група кавадарчани е интерниран во логорот Меѓуречие во Ивањица. Во март истата година е ослободен, а непосредно пред војната бил мобилизиран и испратен со својата единица во Штип. Загинал како последица на бомбардирањето на германските авиони во почетокот на април 1941 година.[1]
Една улица во Кавадарци го носи токму неговото име.[4]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads