Васил Стојановски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Васил Петрушев Стојановски ( 1915 во Станча, Кривопаланечко20 октомври 1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

Произлегува од земјоделско семејство. По завршувањето на основното училиште, останал во родното село и се занимавал со земјоделство. На 6 август 1944 година, стапил во Треттата македонска ударна бригада. Во редовите на бригадата учествувал во борбите на кумановскиот и велешкиот терен, а потоа и на скопските терени. Бил учесник во ycпeшнaтa акција на бригадата за ослободување на политичките затвореници од затворот во Идризово. На 20 октомври 1944 година храбро загинал, во борбите против балистите и Германците на реката Треска. Бил закопан на местото каде што загинал.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads