Станча
село во Општина Ранковце From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Станча — село во Општина Ранковце, сместено во областа Славиште, во североисточниот дел на Македонија. Селото се наоѓа на јужните падини на планината Герман.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во северозападниот дел на Општина Ранковце. Од самото општинско средиште Ранковце е оддалечено 18 километри. До почетокот на селото води асфалтен пат.
Селото е од ридско-планински разбиен тип со маала кои се протегаат од 800 до 1020 метри надморска височина и до нив се доаѓа до земјени патишта, кои не се во задоволителна состојба, особено за време на зимскиот период.
Атарот на селото опфаќа површина од 5,5 км2.
Remove ads
Историја
Се верува дека на местото на селото било населено уште од доцноантичко време. Според народното предание и верувања селото Станча, не е старо село, туку настанало како и соседното село П’клиште околу 1800 година[2]. Основачи на селото биле четири семејства, доселени од други краишта, меѓутоа научните теренски истражувања не утврдиле дали селото се основало на атар на некое постаро запустено и раселено село[2]. Македонскиот револуционер Ѓорче Петров, во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, за селото наведено како Станци запишал дека е мало село над селото Дурачка Река, распрснато околу изворите на станечката река и по станечката шума во која што меѓу буките има и дрвја од кои прават обрачи за бочви[3].
Remove ads
Стопанство
Во селото нема никакви стопански и услужни објекти, а населението главно се занимава со сточарство и шумарство.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[4]
Бројот на жители во ова село бележи постојан пад, па така во 1961 година имало околу 130 жители, а според пописот во 2002 година, селото имало 23 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, од кои 7 Македонци и 1 лице без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
Селото Радибуш отсекогаш па сè до денес е населено исклучиво со Македонци од православна вероисповед, при што во селото има 9 родови, и тоа: Бучкинци кои слават Петковден; Гардинци кои слават Ѓурѓовден; Кулинци слават Свети Јован; Дупинци, Стамболијци, Трајковци, Петковци, Јакимови и Митринци кои слават Св. Архангел[2]. Споменатите родови потекнуваат од четири доселени домаќинства, кои се населиле околу 1800 година, на земјиште кое што го крчеле (за обработка), а местото на потеклото не го знаат[2].
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:
- Староседелци: Дугинци (3 к.), Цветковци (2 к.), Бучкинци (2 к.), Терзијци (1 к.), Митренци (4 к.), Трајковци (1 к.) и Кулинци (1 к.)
- Доселеници: Тодоринци (3 к.) доселени се околу 1840 г. од некое место Крива Река. Раде (жив на 27 г. во 1953 година) ги знае следните предци. Славко-Јаќим-Анѓел-Тодор, кој се доселил во селото; Гардинци (2 к.) доселени се околу 1855 година од селото Криви Камен, каде имале роднини. Од нив бил Спасе Гарда; Стамболијци (3 к.) доселени се во 1895 година од селото Герман.[11]
Remove ads
Самоуправа и политика
Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година селото се наоѓало во рамките на некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото исто така било дел од тогашната општина Ранковце, во која покрај Станча се наоѓале и селата Ветуница, Вржогрнце, Гулинци, Љубинци, Одрено, Опила, Отошница, Радибуш и Ранковце. Самата Општина Ранковце била дел од Кривопаланечката околија. Општината Ранковце постоела и во периодот 1950-1952 година.
Remove ads
Личности
- Спасе Павлов - Гарда — србоман, деец и војвода на Српскиот комитет на четничката акција
- Васил Петрушев Стојановски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[12]
Галерија
- Средното Маало на селото Герман, како и маалата Митринци и Цветковци на селото Станча
- Маалото Цветковци на селото Станча
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads