Идризово
село во Општина Гази Баба From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Идризово — село во Општина Гази Баба, во околината на градот Скопје.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа во Скопската Котлина на левиот брег на Вардар и практично е приградска населба на Скопје.
Историја
Кон крајот на XIX век селото Идризово (тогаш заведено како село Идриз) е дел од Скопската каза во Отоманското Царство. По Втората балканска војна во 1913 година селото влегло во границите на Србија. На етничката карта од 1927 година, Леонард Шулце Јена кажал дека селото Идризово има нејасен етнички состав. По завршувањето на Втората светска војна, крај селото Идризово бил создаден логор за интернирање на осудени и осомничени личности.
Remove ads
Стопанство
Населението на селото Идризово во најголема мера опстојува од земјоделство поради самата местоположба на селото во плодната рамнина на Скопското Поле.
Најповеќе се одгледуваат житните култури (пченица, пченка, јачмен и 'рж), градинарските култури (пипер, домат, компир, кромид и лук), а во голема мера се застапени и индустриските култури (луцерка, граор, фуражна пченка и детелина). Мнозинството од земјоделските производи се пласираат на пазарите во Скопје, а мал дел се ориентирани и за извоз. Жителите на селото одгледуваат и добиток, во најголем дел крави, а во помал дел свињи и живина.
Население
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Идриз и населението било претежно христијанско, односно имало 15 христијански[2] и едно муслиманско[3] домаќинство. На овој попис биле забележани 4 мажи муслимани и 51 маж христијанин, додека во христијанските домаќинства биле забележани 5 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 120 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 163 жители.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Идризово живееле 95 жители, од кои 90 Македонци[5] христијани и 5 Турци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Идризово имало 56 Македонци[5], под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
Во 1913 година, во селото биле евидентирани 70 жители. Било дел од Општина Ибрахимово.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци, 100 Албанци и 50 Турци.[8]
Во 1961 година, во селото имало 1.166 жители (589 мажи и 577 жени), додека во 1994 година, имало 1.789 жители (907 мажи и 882 жени).
Според Пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.589 жители, од кои 686 Македонци, 774 Албанци, 19 Турци, 2 Роми, 8 Срби, 28 Бошњаци и 72 останати. Од жителите 821 биле мажи, а 768 жени.[9]
Според последниот Попис од 2021 година, во селото живееле 1.824 жители, од кои 826 Македонци, 747 Албанци, 15 Турци, 11 Роми, 9 Срби, 29 Бошњаци, 25 останати и 162 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
Идризово е мешано село.
Според истражувањата од 1953 година, родови во Идризово:[15]
Македонски
- Доселеници: Калеовци (3 к.) најстар род во селото. доселени се од Битолско. не знаат точно кога се доселиле; Кумановци (1 к.) потекнуваат од тројца браќа. Коле, Крсто и уште еден. потеклото на овој род е од селото Матејче кај Куманово. Го знаат следното родословие: Борис (жив на 60 г. во 1953 година) Мане-Крсто, еден од браќата што се доселиле. Преку ова село имаат иселеници во Мралино, Трубарево и Јурумлери; Озимковци (1 к.) доселени се во турско време од Горно Лисиче. А таму биле доселени од селото Долно Соње. Имале роднини во Арачиново и Брњарци; Шаторовци (1 к.) доселени се од селото Булачани, таму имаат роднини. Некое време живееле во Тафталиџе и Јурумлери. Овде живеат од 1930 година; Бебешковци (1 к.) доселени се во 1944 година од селото Говрлево. Таму имале истоимени роднини; Газиновци (1 к.) и они се доселени во исто време и од истото село. И они имале истоимени роднини во Говрлево; Ѓурчевци (1 к.) доселени се во 1944 година од истото село Говрлево. Подалечно потекло имаат од селото Ботушје во Порече; Скендеровци (1 к.) и они доселени се во 1944 година од селото Говрлево. Таму имаат роднини, подалечно потекло од Долна Река; Стојковски (1 к.) доселени се во 1945 година од селото Раштак; Симуновци (1 к.) и Пецевци (1 к.) доселени се во 1951 година од селото Градовци.
Поалбанчени Роми (Маљоци)
- Доселеници: Аљо Сулејман (1 к.) најстар маљочки род во селото. Основачот на родот Аљо се доселил како дете од Метохија; Муслиови (3 к.) доселени се од Штимле на Косово; Куртишови (2 к.) доселени се од Трна кај Урошевац; Сеферови (2 к.) доселени се после Втората светска војна од Метохија; Мустаф (2 к.) доселени се од Дреница; Адем (1 к.) доселени се во 1948 година од селото Славиња во Косово; Бератови (2 к.) доселени се од селото Ѓураковца кај Пеќ; Мифтарови (1 к.) доселени се од Косово; Асан (1 к.) доселени се од Долно Лисиче, а таму од Косово; Незирови (2 к.) доселени се од Славиња на Косово; Рустем (1 к.) доселени се од Мираш на Косово; Рамо (1 к.) доселени се во 1952 година од Славиња на Косово; Браим (1 к.) доселени се во 1946 година од Рашинце кај Штимле; Рушитови (2 к.) доселени се од селото Студеничани. А таму од Косово.
Албански
- Доселеници: Незирови (2 к.) доселени се од селото Прелаз на Косово; Реџепови (1 к.) доселени се од селото Ропалце кај Куманово; Муратовци (1 к.) доселени се од селото Љуботен во 1946 година; Емрулови (1 к.) доселени се од селото Отља кај Куманово.
Бошњачки
- Доселеници: Шабовиќи (2 к.) доселени се во 1927 година од Плав во Црна Гора; Мемедовиќи (2 к.) потекнуваат од Босна. Од таму се иселиле во Метохија, па околу 1933 година се доселиле во Идризово; Сеферовиќи (3 к.) доселени се во исто време во Идризово со претходниот род. И они потекнуваат од Босна. Од таму се иселиле во Ѓаковица, па во Идризово; Луковиќи (2 к.) потекнуваат од Босна. Од таму се иселиле во Плав, од Плав во Старо Дворане во Метохија, а во 1933 година се доселиле во Идризово.
Турски
- Доселеници: Амдиови (1 к.) доселени се од Скопје.
Торбешки
- Доселеници: Љутвиови (1 к.) доселени се од Долно Количани.
Remove ads
Општествени установи
- Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Идризово или Пречиста - започнала да се гради 1996 година, а била осветена 1998 година.[16]
Поврзано
- Наово — историско село во јужниот дел на атарот на Идризово
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads