Веење (жетва)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Веење (жетва)
Remove ads

Веењеземјоделски метод развиен во античките култури за одвојување на зрната од плевата. Може да се користи и за отстранување на штетници од складирано жито.

Thumb
Веење ориз, Утараканд, Индија
Thumb
Користење на вила за веење

Во наједноставен облик веењето се состои од фрлање на мешавината од зрна и плева во воздух така што ветерот ја дува настрана плевата која е полесна, а зрната паѓаат за повторно долу и се собираат. Се користеле разни техники како посебно обликувана корпа која се тресела за да се подигне плевата или користење на вила или лопата за веење.

Remove ads

Во Кина

Thumb
Кинеска веалка од енциклопецијата Тијангонг Каиву (1637)

Во древна Кина, методот бил подобрено со развој на вртечки проветрувач кој користел рачен проветрувач за добивање на воздушна струја.[1] Ова било претставено во книгата Нонг Шу од 1313 година.

Во Европа

Во саксонските населби како што е идентификуваната во Нортамберленд како Бедовиот Ад Гефрин [2] (денес Јеверинг) било покажано (со реконструкција на ископините) дека градбите имале влезови еден наспроти друг. Промајата создадена во амбарите од вака поставените врати се користела за веење.[3]

Техниката развиена од Кинезите била прифатена во Европа дури во 18 век, кога веалките користеле „едрени проветрувачи“.[4] Вртливите проветрувачи за веење биле донесени во Европа, од холандски морнари, меѓу 1700 и 1720 година. Очигледно ги добиле од холандската населба Батавија на Јава, Холандска Источна Индија. Швеѓаните ја донеле веалката од јужна Кина отприлика во исто време, а језуитите донеле неколку машини во Франција од Кина околу 1720 година.[5]

Remove ads

Во Македонија

Thumb
Веалка од 1839 година

Веалката во Македонија се користела многу доло време, но во 1950-тите и 1960-тите веењето на житни култури во Македонија и на Балканот почнува да исчезнува со воведувањето на механизирано комбинирано жнеење, вршење и веење со комбајни.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads