Жетва
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Жетва — постапка на собирање на узреаните посеви од полињата. Чинот на сечење на житарки или зрнести растенија се нарекува „жнеење“ [1] и се врши со рачни орудија (коса, срп) или со механизација (жнеалка или комбајн). [2] Жетвата го означува крајот на сезоната на узревање на посевот и истата има големо културно значење во народниот живот во сите земји. Најзначајни се жетвените празници и обичаи на кои се прославува бериќетната година, се благословува земјата и се изразува благодарност.

Кај малите земјопоседници, жетвата се одвива со рачни орудија, а големите полиња се жнеат исклучиво со машини, т.е. автоматизирана земјоделска машинерија како што е комбајнот. Под поимот „жетва“ може да се подразберат и активностите непосредно по сечењето на растенијата како разладување, сортирање, чистење и пакување до моментот кога истите одат за откуп.
Remove ads
Македонски жетварски песни
Жетвата како мотив во уметноста и во популарната култура
- „Жетва“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[6]
- „Жетва“ — песна на македонскиот поет Јован Котески. [7]
- „Жетвениот дар“ — песна на ирскиот поет Шејмас Хини.[8]
- „Жетва“ (англиски: Harvest) — песна од истоимениот музички албум на американскиот рок-музичар Нил Јанг (Neil Young) од 1972 година. [9]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads