Велешко-прилепски народноослободителен партизански одред „Трајче Петкановски“
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Велешко-прилепски народноослободителен партизански одред „Трајче Петкановски“ е партизанска единица на Народоослободителната војска на Македонија.
Одредот е формиран кон крајот на април 1944 година, од 30 борци, разделени на групи по десет луѓе. Името го добил во чест на загинатиот партизан Трајче Петкановски. Овој одред дејствувал во околината на селата во областа Азот и Порече, и најчеста акција била напаѓање на бугарските полициски групи, диверзии на линијата Скопје-Велес, и друго. Во текот на септември 1944 година одредот брои 400 борци. Заедно со други партизани, на 2 септември 1944 година од овој одред е формирана осмата македонска ударна бригада.[1]
Remove ads
Дејци
- Боро Мокров, политички комесар
- Стоилко Иванов, заменик-политички комесар
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads