Веле Марков

From Wikipedia, the free encyclopedia

Веле Марков
Remove ads

Велко Петров Марков (12 февруари 1870 , Селце, Крушевско23 јуни 1902 , Ракитница, Демирхисарско) попознат како Веле Марков или со псевдонимот Милтон[1][2] — македонски социјалист и револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската социјалистичка група и Македонската револуционерна организација и крушевски војвода. Тој е еден од првите пропагатори на социјалистичките идеи во Македонија.

Кратки факти Роден, Починал ...
Thumb
Remove ads

Животопис

Марков е роден на 12 февруари 1870 во сиромашно семејство во крушевско Селце,[3] тогаш во Отоманското Царство. Во пролетта 1894 година[4] заминува на печалба во Софија, каде што работел како градител и столар. Се запознава со Васил Главинов и станува член на БРСДП. Основач е на столарскиот синдикат во Софија и на Македонско-одринскота социјалдемократска група во 1896 година. Во јануари 1900 година заминува за Крушево, а подоцна поставува во Битола како работи како столар. Во Битола формира социјалистички кружок, а на 16 јуни 1900 година учествува на социјалистичката конференција во Крушевско, на која се решава социјалистичките групи да се влезат во ВМОРО.

Во март 1901 година влегува во четата на Никола Русински, а од август е крушевски војвода. При борбата кај селото Ракитница на 23 јули 1902 година (нов стил) загинува војводата Веле Марков, заедно со шест негови четници, додека Ѓурчин Наумов-Пљакот и уште тројца четници успеале да ја пробијат турската заседа.[5][6][7]

Remove ads

Наводи

Loading content...

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads