Ѓурчин Наумов - Пљакот

македонски револуционер From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Ѓурчин Наумов-Пљакот или Пајакот[1] — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Роден е во Сланско, село во Порече, во 1851 година. Тој бил ден од најстарите дејци во Револуционерната организација и борец против беговско-османското ропство. Во март 1901 година, заедно со Јордан Пиперката, бил вклучен во четата на војводата Никола Петров Русински, а потоа и во четата на Веле Марков. На 23 јули 1902 година (нов стил) учествува во борбата кај селото Ракитница во која загинал војводата Веле Марков, заедно со шест негови четници, додека Ѓурчин Наумов и уште тројца четници успеале да ја пробијат османлиската заседа. На 30 јуни 1902 година, Окружниот комитет во Битола го назначил за крушевски војвода. За време на Илинденското востание, при ослободувањето на Крушево, Ѓурчин Наумов како стар и искусен војвода, играл значајна улога во правењето на планот за борбата. Храбро загинал во борба против многубројна османлиска војска, на 23 септември 1904 година кај селото Слатина, Порече.[2]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads