Велиди
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Велиди (грчки: Παρασκευή, Параскеви) – село во Република Грција, во општината Дескати, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 108 жители.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на околу 5 км југозападно од градот Дескати, 55 км југоисточно од Гребен на надморска височина од 780 м, на југозападното подножје на планината Камбуница.
Историја
Во атарот на селото се наоѓа старото село Кастри, како и византиско село.
За време на Османлиското Царство
Се смета дека на денешното место селото е формирано на почетокот на XIX век.[2]
При присоединувањето на Тесалија на Кралството Грција, Велиди останува под власта на Османлиското Царство во рамките на Еласонската Каза. Според грчката атинска статистика од 1910 година во Велиди живеат 97 Грци христијани [3]
Во Грција
За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Велиди станува дел на Кралството Грција.
Remove ads
Демографија
Пописи
Движењето на населението по години е следното[4]:
- 1913 - 127 жители
- 1920 - 140 жител
- 1928 - 161 жител
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads