Велко Попадиски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Велко Апостолов, наречен Попадиски или Попадичанец — македонски револуционер, велешки војвода на Внатрешната македонска револуционерна организација.[1][2]
Животопис
Велко Апостолов е роден 1886 година во велешкото село Попадија, тогаш под Османлиското Царство, денес во Македонија. Влегува во ВМОРО и е четник под команда на велешките војводи Стефан Димитров и Панчо Константинов. После Илинденското востание од 1906 година е главен војвода во Велешко, поради недостаток на окружен војвода.[3] Учествува во Битката на Ножот во 1907 година. Загинува во 1908 година во село Скачинци заедно со двајца свои комити, предаден од Србомани.[4][5] Според Васил Балевски, Велко Попадиски и Милан Змијата се откриени од турските власти и убиени после престрелка во Велес.[6]
По повод 100 - годишнината од загинувањето на војводата Велко Апостолов - Попадиски, на 21 септември 2008 година се одржа панихида во негова чест во црквата „Св. Никола“, во велешкото село Попадија, а беше откриен и споменик во знак на сеќавање на војводата.[7]
Remove ads
Белешки
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads